Елена Ристеска во најубавото издание за ова лето – фотографијата е хит, изгледа како тинејџерка
Македонската пејачка се прошета во провокативно издание
Комбинацијата од кусо здолниште и тесна маичка е полн погодок за прошетка додека сте на одмор.
Елена Ристеска со години се вбројува меѓу најзгодните, но и најубавите жени на нашата естрада.
ФОТО: Инстаграм / Елена Ристеска
Секогаш е во чекор со модните трендови и во секоја пригода се труди да е средена.
Таа е вистински пример како треба да изгледа и да се однесува една млада девојка.
ФОТО: Инстаграм / Елена Ристеска
Иако долго време публиката очекува некој новитет на музички план од Елена Ристеска, таа никако не мирува и работи со полна пареа.
Пејачката е посветена на својот козметички бренд ЕРА козметика.
ФОТО: Инстаграм / Елена Ристеска
Таа вели дека во себеси пронашла страст и посветеност за создавање на единствена колекција производи за убавина, еднаква на страста и посветеноста кон музиката која ја донесе на врвот во музичката индустрија.
На нејзиниот Инстаграм профил често споделува фотографии од нејзиното секојдневие.
ФОТО: Инстаграм / Елена Ристеска
Елена во моментов е на заслужен летен одмор, а годинава нејзин избор е Хрватска.
За прошетка пејачката се одлучила за комбинација која е вистински погодок преку лето.
ФОТО: Инстаграм / Елена Ристеска
Кузото здолниште и тесната бела маичка одлично ја истакнаа нејзината витка фигура, а белата боја го истакнува темниот тен.
Таа целото издание го зачини со мала чантичка од еден од најпознатите светски брендови и коса врзана во опавче.
Како шармантната пејачка изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение:
ФОТО: Инстаграм / Елена Ристеска
Погледнете ги и останатите фотографии…
ФОТО: Инстаграм / Елена Ристеска
ФОТО: Инстаграм / Елена Ристеска
ФОТО: Инстаграм / Елена Ристеска