Елена Ристевска има нова, руса боја на косата.
Таа на Инстаграм се пофали дека го сменила имиџот во студиото на нејзиниот долгогодишен пријател и соработник, Да Николовски.
-Многу сакам да ја обојам косата руса, и да ја носам машки кратка. Но, немам храброст за тоа. И секогаш велам можеби ќе ја направам таква косата за некој спот или концерт, на кратко, ама после некое време повторно да се вратам на стандардната фризура. Густата коса , да ги утешам оние со поретки коси, е навистина тешка за одржување. 2/3 саати ми се потребни за да ја средам сама, затоа сум зависник од фризерски третман, но за среќа го имам Даниел Николовски кој точно знае како да ја третира и одржува мојата специфична коса. Од друга страна пак, повеќето фризери кои ме средувале и во земјава и во странство велат дека е рај да се работи со коса како мојата, им претставува предизвик кога имаат пред себе бујна и коса со која може да се експериментира. А јас пак сонувам за потенка коса, да ја измијам и исушам за 15минути и да излезам надвор, изјави Елена во интервјуто за Гламур.