Елена покажа како се носи долг црн фустан – издание за кое со денови ќе се зборува
Ова посебно ќе им се допадне на жените

Заради ова преубаво издание на Елена за момент застана целиот свет, посебно заради овој неодолив детаљ на неа.
Нашата позната водителка Елена Стојановска- Јанковска позираше во уште едно издание со кое никого не истави рамнодушен.
Овој пат во прашање е преубав црн фустан со суптилни отвори во пределот на половината со кој Елена го истакна најубавото кај себе.
Шармантната водителка целото издание го подигна на повисоко ниво со црвениот кармин и црните елегантни сандали, додека нејзината убава коса беше пуштена нежно да и паѓа преку разголените раменици.
Црните фустани веќе одамна се класик и важат за „маст-хев“ парче во плакарот на секоја жена, но еден ваков модел е посебна приказна.
Фустаните со „отвори“ се хит веќе неколку сезони и ги обожаваат најпознатите дами од целиот свет, а во нив покрај тоа што ќе изгледате сензуално, тие се и синоним за елеганција и сексапил.
Оваа сезона „малите црни фустани“ се во сенка на нивните подолги варијанти, кои покрај тоа што преставуваат спас за секоја немам што да облечам ситуација, изгледаат и поприлично провокативно.
Но сето тоа во границите на пристојноста, а моделот што го носи Елена зрачи со неодолива елеганција.
Таа оваа минималистичка комбинација ја зачини со својата драгоцена насмевка, па доколку сакате и вие да заблескате во едно ваква комбинација, погледнете ја галеријата што следува.

Во прашање се најубавите црни фустани за кои се инспириравме од ова шик пролетно издание на една од нашите омилени лица од малите екрани.
NA-KD
Bershka
Monki
Zara
H&M