Елена Велевска позгодна и од Памела Андерсон – бура на Инстаграм, подобро од ова НЕ може да биде
Познатата пејачка никогаш не изгледала поубаво
Познатата фолк-пејачка Елена Велевска во последно време поприлично е активна на социјалните мрежи.
Таа на својот профил редовно објавува свои фотографии во најразлични изданија со кои секогаш привлекува внимание.
Пејачката и со своето последно издание никого не остави рамнодушен, посебно што позираше во тренди костим за капење.
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Имено, Елена објави во рамките на своите „сториња“ на Инстаграм фотографија на која блеска во едноделен костим за капење.
Со темни очила за сонце и црвен кармин на лицето пејачката позираше во занесно издание, а на пораките што ги доби, не им се знае бројот.
Велевска овој пат избра едноделен модел во најпопуларната боја за оваа сезона во која изгледше како најпопуларната спасителка на светот.
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Познатата пејачка едноставно блескаше во ова свое провокативно летно издание, истакнувајќи го во преден план нејзините раскошно деколте на кое дури и Памела Андерсон би можела да и завидува.
Нејзините фанови се согласни дека пејачката во последно време блеска и изгледа подобро од кога било досега.
На нејзиниот изглед можат да и завидуваат и многу помлади колешки, а дека тоа навистина е така уверете се и сами во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Инаку, Елена пред пет години се разведе од својот сопруг со кого има три деца и од тогаш многу ретко зборува за својот емотивен живот.
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Тогаш веста дека Елена по десет години брак се разведува одекна како бомба во медиумите, а пејачката се огласи и откри дека реши да сврти нова страница во животот.
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Таа и се посвети на својата музичка кариера, но и на самата себеси, а тешкиот период низ кој што поминува секоја жена што ќе се најде во слична ситуација, очигледно е веќе далеку зад неа.