Едно лице од приведените го негира убиството – сите шокирани од она што и се случи на малата Вања
Од JO апелираат да не се шират шпекулации и дезинформации според кои овој случај има етничка заднина - сите осомничени се од македонска етничка припадност.
Нови шокантни детали во врска со целиот случај
Убиството на малолетната Вања Ѓорчевска која во понеделникот беше пријавена за исчезната ги шокираше сите.
Откако вчера од Јавното обвинителството излегоа со соопштение дека се приведени пет лица и дека за тројца од нив се бара мерка притвор, веднаш почнаа да се шират и шпекулации околу тоа кој би можеле да бидат сторителите. Според соопштението од обвинителството, мотив за грабнувањето и убиството на девојчето е користољубие, а како што објавија нашите медиуми, меѓу главните осомничени е едно лице добро познато на јавноста.
Станува збор за Љупчо Палевски во јавноста познат и како Палчо, лидер на минорното политичко движење Трета.
Тој на јавноста и е познат со своите проруски ставови, а во моментов наводно се наоѓа во бегство во Турција, пренесуваат медиумите.
Фото: МВР
Покрај името на Палчо, медиумите ги објавија имињата и на останатите тројца осомничени, а кои беа приведени од полицијата.
Еден од нив е Велибор Манев од Велес, кој во доцните вечерни часови беше донесен во Кривичниот суд.
На прашањето поставено од медиумите дали тој го извршил убиството на 14-годишната Вања, Манев кратко одговори „Не“.
Од обвинителството и МВТ за денес во 9.30 најавија прес-конференција, по краткото соопштение дека убиството на малолетната Вања и велешанецот Жежовски го извршила истата група од пет члена (повеќе за ова прочитај тука).
Фото: МВР
Како што објавија претходно од обвинителството, мотивот наводно бил користољубие, а повеќе информации ќе соопштат денес.
Прес-конференцијата ќе ја одржат министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бобовски, а закажана в во просториите на Јавното обвинителството. На пресот се очекуваат повеќе информации за улогата на скопјанецот Љ.П., за кого се тврди дека е во бегство, како и за член на семејството, за кого наводно постојат сомневања дека е дел од групата вмешана во случајот. Се очекува и детално објаснување за квалификацијата ,,користољубие” која е употребена во вечерашното соопштение за мотивите за убиствата.
Потсетуваме, претходно вечерва Обвинителството соопшти дека во текот на вчерашниот ден било пронајдено безживотното тело на Вања, како и дека од истрагата било утврдено дека таа е земена со возило од влезот на живеалиштето, а не дека исчезнала на улицата „Партизанска“ во близина на „Силбо“ и кафулето „Броз“, спроти Универзална како што претходно беше објавено во медиумите.
Од обезбедените информации од распитот, според ЈО, утврдено е дека Вања била убиена истиот ден кога е и грабната, околу 10 часот.