ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ ЉУБОВНИ ПРИКАЗНИ: Дејвид си ја чува картата на која Викторија му го остави својот број
Дека Дејвид и Викторија Бекам лудо се сакаат и покрај постојани гласини дека се разведуваат, потврди пред неколку дена поранешната „спајсица“ споделувајќи на Инстаграм снимка како тие двајца се прегрнуваат и бакнуваат.
А одговоро на ова, како крунски доказ за жубовта, даде фудбалерот и откри дека се уште го чува возниот билет на кој таа му го напишала бројот на телефонот.
Популарната двојка е во брак повеќе од 20 години, иако многумина предвидуваа дека нема долго да трае. Дејвид неодамна гостуваше во емисијата кај Џими Фелон и рече дека и натаму го чува првиот спомен на пријателството со Викторија.
Се уште го чувам возниот билет на кој Викторија ми го напиша својот број на телефон. Во тоа време само што почнував да бидам стандарден во тимот на Манчестер Јунајтед, а тие веќе беа етаблирани, сите знаеја за групата Спајс грлс. Таа дојде на еден натпревар заедно со колешката од групата Мел Си во 1997 година.
После натпреварот останаа во клубскиот ресторан, испија по некој пијалок. Помислив: „Зошто да не ја искористам можноста?“ И така и пријдов – рече Бекам. Разговарале, додава, еден час, а таа задоцнила на возот.-Ми го напиша својот број на телефон на возниот билет. И ден денеска го чувам.Бекам вели дека сите играчи на Манчестер имале своја омилена „спајсица“ во тоа време.Запрашан дали Викторија била неговата омилена, Бекам се насмеа и одговори: – Очигледно! Да не е, би било малку чудно, зарем не?
https://www.instagram.com/p/B88yBt9p54J/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading
Инаку Дејвид и Викторија Бекам почнаа да се забавуваат во 1997 година, а вљубениот фудбалер не чекал долго за да ја запроси. Се венчаа во 1999 година, а плод на нивната љубов се четирите деца – три сина и ќерка. Пред 16години Бекам имаше афера со извесна Ребека Лос додека играше во Шпанија, но двојката успеа да ја надмине брачната криза.