Пратеничката Марија Митева е портпаролка на Владата, соопштија денеска од владината служба. Таа е родена на 22.04.1991 година во Скопје и живее во населба Аеродром. Своето образование го завршила на Правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот Св. Кирил и Методиј како магистер по деловно право, а во 2018 година положила и правосуден испит и е долгогодишен член на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Митева важи за една од најубавите жени на политичката сцена.
И Марија се огласи, во продолжение во целост го пренесуваме нејзиниот статус на Фејсбук:
Почитувани граѓани, драги мои пријатели,
Со особена чест и задоволство сакам официјално да се заблагодарам на Претседателот Hristijan Mickoski за укажаната доверба да бидам именувана за Портпарол на Владата. Го прифатив овој предизвик затоа што верувам дека е позиција која ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава.
Моето време како пратеник беше кратко, но неверојатно наградувачко. Ја имав привилегијата во овие први 100 дена да работам и да бидам дел од Собранието со исклучителна група од 58 посветени парламентарци и заедно да се справивме со значајните предизвици. Горда сум на нашата заедничка активна улога во различни иницијативи кои имаа за цел да го подобрат животот на нашите граѓани и да ја зајакнат нашата демократија, а сум и повеќе од сигурна дека тие ќе продолжат со уште поголема заложба!
Како што преминувам во овој нов предизвик, мојот фокус ќе биде на подобрување на комуникацијата и транспарентноста во рамките на Владата. Предвидувам портпаролска позиција која не само што ги информира, туку и ги ангажира граѓаните, ќе поттикнувам инклузивен политички дијалог и ќе изградиме политика на висока отченост во контекст на политиките на извршната власт. Јас сум подготвена да се заложам целосно за прашањата што се најважни и да се погрижам да се слушаат на највисоките нивоа на власта.
Длабоко сум благодарна за поддршката што ја добив од сите Вас, но и за соработката што ја доживеав за време на мојата работа во Парламентот и со нетрпение очекувам да продолжам да имам позитивно влијание во овој нов капацитет – напиша таа.
Митева преходно била советник за правни работи во Владата, како и советник за нормативни работи во Град Скопје. Таа беше портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе години, а на изборите во мај годинава стана и пратеник. Со оваа нова функција Митева ќе треба да се откаже од пратеничкото место.
Митева од секогаш ја сакала политиката.
– Мислам дека не е невообичаено како поединци да чувствуваме силна приврзаност кон одредена политичка партија врз основа на споделените културни или историски искуства како и поради чувството на континуитет со минатите генерации. Често велам дека мојата посветеност на ВМРО-ДПМНЕ ја одразува намерата да го продолжам наследството на политичката идеологија на моето семејство и да придонесам за подобрување на мојата земја и нашиот народ. Па би кажала дека тука некаде лежи и мојата мотивација за политички ангажман, исклучиво во рамките на ВМРО-ДПМНЕ, што во целост се усогласува со моите вредности и верувања – ќе рече Митева во интервју за „Женски магазин“.
Владата доби уште една портпаролка се работи за поранешната новинарка Венера Латифи Азизи. Латифи Азизи има долгогодишно новинарско искуство. Таа e поранешнa уредничкa и новинарка во Радио Слободна Европа во Прага, уредничка во новинската агенција МИА, уредничка и водителка во телевизијата Алсат М телевизија, уредничка во весникот „Коха“,А1 телевизија и други медиуми во земјава.