Една од најубавите жени во Македонија вљубена до уши – насмеана и среќна е само покрај овој маж
Една од најубавите Македонки го покажа новото момче.
Катарина откри дека повторно е вљубена.
Манекенката Катарина Ивановска е една од најубавите девојки во земјава, а нејзината убавина ѝ донесе светска кариера.
ФОТО: Инстаграм / Катарина Ивановска
Таа е една од ретките манекенки во земјава, кои упеале да зачекорат по светските модни писти.
Иако е мајка на две деца, тоа воопшто не се познава на неа и таа продолжи со работата со исто темпо како и пред да стане мајка.
ФОТО: Инстаграм / Катарина Ивановска
Од бракот со нејзиниот поранешен сопруг Цобе таа ги има синот Вања и ќерката Кира.
Таа во многу свои интервјуа истакнува дека мајчинството целосно ја променило, но откри и дека не е од оној тип на жени кои откако ќе добијат дете апсолутно се повлекуваат и немаат социјален живот.
ФОТО: Инстаграм / Катарина Ивановска
По разводот со Цобе таа извесно време беше во врска со кошаркарот Перо Антиќ.
Катарина и понатаму верува во љубовта и повторно е среќна и вљубена.
На својот Инстаграм профил таа сподели фотографии на кои позира со новото момче.
ФОТО: Инстаграм / Катарина Ивановска
Мора да се признае дека манекенката изгледа посреќно од кога било.
Заедно патуваат и уживаат во секој момент кој го поминуваат заедно.