Една од најпознатите русокоси во Македонија се прошета во најпpoвокативното издание и никого не остави рамнодушен!
Водителката ги поздрави своите фанови со нови фотографии
Познатата водителка Елена Стефановска деновиве доминираше на Инстаграм со свои модни изданија.
Таа секогаш е средена од глава до пети, но овој пат во своето леопард издание никого не остави рамнодушен.
Според модните „гуруа“, ова е шара која ништо не може да ја тргне од тронот и по неа лудуваат речиси сите познати дами.
Популарната водителка Елена Стефановска секогаш носи комбинации кои можат да им бидат инспирација на многу дами, но овој пат во јавноста се појави во издание што преставува предизвик за секоја жена.
Таа се прошета во својот омилен животински дезен, а како изгледаше погледнете во продолжение.
Во прашање се хеланки и блејзер кои оставаат впечаток како да носи комбинезон, а што се однесува до дезенот што го носеше од глава до пети, истиот веќе неколку сезони важи за еден од омилените на многу познати дами.
Таа целото издание го заокружи со црни робусни чизми и темни очила за сонце, додека косата и беше пуштена и разбранувана со нежни кадрици, а усните зачинети со кармин во впечатлива црвена нијанса.
Водителката на емисијата „Живот со стил“ преку сето тоа носеше и мала црна чантичка префрлена преку рамото и сето тоа го вклопи со големи округли, висечки обетки и златни прстени на рацете.
Еве како го носат популарните девојки на Инстаграм
Инаку, леопард дезенот важи за еден од водечките трендови за оваа сезона и нешто за кое што сме сигурни дека многу дами ќе го засакаат на прв поглед.
Најпознатите дизајнери веќе одамна ги преплавија модните писти и „стрит-стајл“ изданијата со здолништа, блузи, фустани, марами па дури и чевли со овие впечатливи животински шари, а што се однесува до тоа како да го носите од глава до пети, посакувано е да ја ублажите комбинацијата со неутрални бои како црна, бела или беж (како што го направи тоа и Елена со модните додатоци), но со што помалку накит бидејќи главниот збор треба го има минимализмот.
Доколку барате инспирација за тоа како да го пробате овој тренд погледнете ги ревиите на најпознатите модни куќи како „Celine“, „Max Mara“ или „Michael Kors“, како и Инстаграм профилите на омилените модни инфлуенсерки и побарајте инспирација за вашите „диви“ есенски изданија.
Модните „гуруа“ за неодоливите леопард дезени велат дека ќе останат во центарот на вниманието и следната сезона, а ако ја земеме во предвид неговата традиција, сигурни сме дека ќе биде тука и многу подолго.
Во продолжение погледнете и неколку комбинации на овој тренд од нашите омилени ИТ девојки, но и неколку предлози за шопинг од најпопуларните светски модни брендови.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Предлози за шопинг:
BALENCIAGA
THE UPSIDE
TOM FORD
CONVERSE
DOLCE & GABBANA
DOLCE & GABBANA
DOLCE & GABBANA
CHRISTIAN LOUBOUTIN
DOLCE & GABBANA
DOLCE & GABBANA
GIUSEPPE ZANOTTI
GIANVITO ROSSI
VALENTINO
VALENTINO
DOLCE & GABBANA
ALAÏA
GOLDEN GOOSE
CHRISTIAN LOUBOUTIN
GOLDEN GOOSE