Реклама
Наши ѕвезди

Една од нашите најубави водителки се спакува и реши да замине од МЕТРОПОЛАТА – еве каде сега ужива Билјана Дебарлиева

Реклама

Презентерката Билјана Дебарлиева ужива во својот одмор и секој момент поминат во природните убавини на Македонија.

Билјана Дебарлиева е една од најубавите ТВ лица во земјава. Таа е синоним за отменост и елеганција.

Маркетинг

Исто така една е и од ретките кои го негуваат македонскиот литературен јазик преку совршеното изговарање на зборовите додека ги презентира дневните вести.

Билјана jа гази петтата деценија од животот, но тоа не би го рекле за неа доколку судите според нејзиниот физички изглед.

ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук

Плени со својата убавина, нежност и неверојатна харизма.

Маркетинг

Инаку, Билјана деновиве таа ужива во слободното време во волшебното Маврово.

ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук

И покрај тоа што изминатите денови не нѐ послужи времето, односно во текот на целиот викенд имавме врнежи и грмежи, но и сител ветер, тоа не ја спречи водителката да замине од градскиот метеж и да ужива во природните убавини

„Врнежливо, студено, ама сепак убаво…“, напиша Дебарлиева во опис на фотографиите од Маворово.

ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук

Дебарлеива својата кариера ја започна многу млада на Македонската телевизија, а оттогаш во нејзината кариера продолжи да работи на различни проекти.

Неодамна на социјалните мрежи се појави фотографија од тн „ВРЕМЕПЛОВ“ под која стои описот:

„Владо Јаневски на календар за „Теа Модерна” од 2003/4 во стилот на Џемс Бонд и еднакво перфектно стилизираната водителка Билјана Дебарлиева. Покрај календарите и Лотарија на Македонија тогаш го ангажираше во иста улога за реклама на еден ТВ квиз. Лесно му е на Владо со вакви фанови кои експресно одговорија на нашето барање и во своите архиви ја лоцираа оваа ретка фотографија.

ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук

Водителката е елеганција во движење, а секоја нејзина фотографија на социјалните мрежи добива голем број лајкови и реакции.

Својата популарност ја доби исклучиво со макотрпна работа, а никогаш преку некакви скандали или афери.

Билјана е повеќе од 25 години во брак со сопругот Јован Дебарлиев, а плод на нивната љубов се нивните две деца, ќерката Ана и синот Мики.

ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук

Се запознале во Охрид, родниот крај на Билјана, за време на летен одмор.

„Слушнав една вечер во близина каде бевме со моите другари и другарки, некој многу гласно зборуваше, ми го привлече вниманието. Потоа сосема случајно влеговме во тоа друштво и така се запознавме со Јован“, откри тогаш пармантната водителка.

ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук

Таа кажа на кој начин Јован успеал да ја освои.

„Ме освои со шармот, тој е многу духови, многу интересен карактер. Омилен е секаде во друштво. Кога некаде одиме првично мене ќе ме забележат, а потоа тој ги освојува срцата и симпатиите на останатите“ вели искрено Билјана за својот сакан.

ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук

„Јас морам да признаам дека кога првпат се запознавме, сум по кракатер малку посрамежлива и поповлечена. Многу внимавам кко се однесувам, особено кога сме некаде надвор излезени, не дека сите ме познаваат, туку тоа е мојот стил на однесување“.

„Кога ќе шетавме низ центарот не сакав Јован да ме држи за рака. Ми беше страв, срам, да не ме видат родителите. Ние порано во тоа време повеќе се криевме отколку сега сѐ си е транспарентно и отворено, повеќе се комуницира и се разговара со родителите“, кажа Билјана.

ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук

Според неа формула за успешен брак е толеранцијата и довербата.

„Кога ќе се навратам назад, што сѐ не поминало во овие години зад нас. Не можам да кажам тајна или формула за успешен брак. Од мое лично искуство е да има толеранција меѓу партнерите, да нема воопшто љубомора. Ниту јас сум љубоморна, ниту мојот сопруг е љубоморен на мене. Иако типот на мојата професија некогаш барал да останувам многу до подоцна, да не бидам присутна дома. Никогаш не сум оставила простор да се посомнева во нешто. И тој секогаш ја имал слободата кога требал да излегува и шета. Кога ја имаш довербата не се измачуваш и не се јадеш самиот цебеси и не помислуваш на некакви црни сценарија“, вели Билјана.

ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук

Двајцата не се многу активни на социјалните мрежи, но знаат понекогаш да споделат по некоја заедничка фотографија.

Билјана и Јован се трудат секој момент од слободното време да го поминат заедно и навистина може да се каже дека важат за еден од најскладните бракови на македонската сцена. Важните датуми и моменти и понатаму ги одбележуваат прославувајќи во интмност, на нивни начин.

Нејзиниот сопруг на својот Фејсбук профил сподели и нивна заедничка фотографија од прославата на годишнината од брак.

ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук

Денес тие се горди родители. Ана е економист, а Мики е 16-годишен средношколец.

Таа и нејзиниот сопруг се трудат секогаш да им бидат најголема поддршка во сѐ што прават.

Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ Дебарлиева си ја отвори душата и откри дека децата им се веќе возрасни и дека тргнале по својот пат.

ФОТО: Ана Дебарлиева / Фејсбук

„Секој е самостоен и секој на своја страна. Никогаш не сме ги притискале и не сме настојувале дека мора сѐ заеднички да правиме.Тука сме за да им излеземе во пресрет за нивните потреби, но секогаш сме ги оставале сами да си го изодуваат патот. Во последните 4-5 години веќе сме како сами со Јован. Се тргнаа од нас. Секој на своја страна“, кажа водителката.

ФОТО: Ана Дебарлиева / Фејсбук
ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук
ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук
ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук
ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук
ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук
ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук
ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук
ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук
ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук
ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button