Една од нашите најпознати вокалистки реши да ја смени професијата – ПЕЈАЧКАТА откри како заработува пари и ги изненади сите
Популарната пејачка Тијана Дапчевиќ неодамна призна дека одамна не живее од пеење, туку од глума, но откри и дека има своја плантажа со ореви.
„Се собираат ореви, во главно.. Првата берба и собирањето ќе бидат следната година“, изјави Тијана за својата плантажа во Шок ток задоволна што започнала нешто во животот што и причинува задоволство.
„Од пеење не живеам веќе подолго време, се снаоѓам. Ситуацијата е таква каква што е.“
„Завршив со снимањето на македонскиот ситком кој во Македонија е многу популарен.“
Во прашање е ситком кој се емитува на јавниот сервис и еве сега ќе биде петта година. Продукциска куќа од Бугарија дојде до идеја да откупи четири серии, сега и петата, па се емитува и во Босна и Херцеговина.“
„Во Србија за жал се уште никој нема пари да ја купи оваа комична серија“, изјави за „Блиц“ Тијана пред неколку недели.
Пејачката и покрај тоа што има моќен вокал и важи за една од најдобрите во својата професија, и таа како и сите естрадни уметници заради пандемијата со вирусот корона се спречени да го работат она од што живеат. Токму затоа парите што ги добива како хонорар од „Преспав“ во моментов и се единствен извор на заработка, а фановите се изненадени заради нејзината плантажа. Но и покрај тешката ситуација во која што се наоѓа, пејачката откри и дека оптимизмот не ја напушта.
„Ќе има работа, сигурно“ додаде таа.
Извор: Стори.рс