ЕДЕН ОД УБИЦИТЕ НА МАЛАТА ДAНКА САКАЛ ДА СЕ СПОГОДИ! Еве што им понуди на инспекторите во замена за помала казна
Потрагата по телото на девојчето Данка Илиќ сè уште трае, јавува репортерот на N1 од Бањско Поле.
Десната страна на патот, кој води од Бањско Поле до Бор, е местото на најинтензивна потрага.
На терен се возила на механизација, полициски службеници и противпожарна единица. Полицијата го контролира сообраќајот и не е дозволен пристап до местата каде што е во тек претресот. Има и спасувачи со кучиња и неколкупати ја пребаруваа целата област.
Од Бирото на Министерството за внатрешни работи на Србија за соработка со медиумите изјавија дека претресот се врши на централна локација во близина на депонијата, на која претходно ги донел еден од уапсените, но велат дека не може да се потпрат на нивните изјави.
„Во истрагата признаа толку, но не и локацијата каде е телото. Поточно кажаа повеќе локации“, објаснува репортерот на N1.
Еден од убијците на малата Данка Илиќ (2) се обидел да се спогоди за да обезбеди помала казна.
Двајца работници на „Водовод“ од Бор, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, во вторникот на 26 март во 13 часот и 52 минути ја убиле Данка Илиќ, само седум минути откако мајката на девојчето, Ивана Илиќ, го пријавила нејзиното исчезнување.
Тие го признале делото, дека девојчето го прегазиле со автомобил, а потоа телото го фрлиле во депонија.
Се уште се трага по телото на убиената девојка, а еден од двата монструми, според Информер, сакал да се спогоди. Тој им понудил на инспекторите да им каже се за делото во замена за полесна казна.