Еден од синовите на Есма славеше роденден – ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТОРТАТА, ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ
Синот на кралицата на ромската музика славеше роденден.
Симеон гордо покажа колку години наполни, а честитки веднаш почнаа да пристигнуваат.
Есма Реџепова Теодосиевска зад себе остави ризница хитови и голема трага во македонската музика.
ФОТО: Фејсбук
Никогаш не ѝ се исполни желбата да роди свое дете, но имаше посвоено 47 синови и една ќерка.
Сите ги школуваше да станат музичари и ја придружуваа на сцената.
Еден од нив беше и Симеон Атанасов.
ФОТО: Фејсбук / Симеон Атанасов
Тој напиша и книга за Есма и Стево Теодосиевски насловена како „Професорот Стево и ние“.
„Имав само осум години кога Есма и Стево дојдоа кај мојата баба. Јас сум дете на разведени родители, ме чуваше баба ми, а кога Теодосиевски слушнале дека имам талент за музика, дојдоа кај неа. Со усен договор, ете така било во тие времиња, без да бидат вклучени институции, јас бев однесен кај нив. Се грижеа за мене, ме подучуваа во областа на музиката, па така за кратко започнав да настапувам со нив. Она кое сега ме мачи, и за кое никогаш ниту јас, ниту пак било кое од децата кои ги одгледаа, не прашавме – Зошто легално не не посвоите“, раскажа Симеон во едно свое интервју.
ФОТО: Фејсбук / Симеон Атанасов
Тој го прослави својот 47 роденден и сподели фотографија на Фејсбук на која позира со својата роденденска топка.
Свеќичките на тортата открија колку години полн музичарот.
„Ви благодарам на сите за искрените честитки. Да сте живи и здрави“, напиш тој.