Еден од најубавите парови на светот блесна на насловната страна на магазинот Вог
Можеби најубавата и сигурно најпопуларната двојка во светот на спортот, Ана и Бастијан Швајнштајгер, се сликаа за февруарското издание на списанието „Вог”.

Поранешната српска тенисерка и фудбалерот со потекло од Германија, заедно, позираа за новиот број на германското издание на магазинот Вог и споделија неколку фотографии на нивните профили на Инстаграм.

И додека на корицата позираат во елегантни изданија, во самото списание има и фантастични фотографии кои се создадени на преубавите плажи во Мајорка.


Тие заедно прегрнати се шетаат по плажата, додека на другата ноншалантно си играат околу фудбалската топка.
https://www.instagram.com/p/BsMzzftgyxO/
На официјалниот Инстаграм профил на германскиот Вог објавен е и еден преубав видео клип од „зад камерите”, каде што на фантастичен начин го снимија односот меѓу Ана и Швајни.
https://www.instagram.com/p/BsM_5NDH5Qw/
Па зар не се преслатки?



