Реклама
Uncategorized

Еден од загинатите во синоќешната трагедија во Македонија е сопственик на синџир аптеки

Реклама

Тургај Ризванче, сопственик на синџирот аптеки Ризванче и Бекир Хоп, сопственик на сервис за часовници во Гостивар, се двете жртви во трагичната несреќа што се случи во четвртокот вечерта на автопатот Гостивар – Кичево, објави порталот Гостивар Сот.

Возачот на возилото марка БМВ Бекир Хоп починал на местото на настанот, додека другиот сопатник Тургај Ризванче не ги преживеал повредите и починал во гостиварската болница. Жртвите биле пријатели.

Со телесни повреди се здобил возачот на камионот, косовски државјанин со иницијали А.Т.

Маркетинг

Сообраќајката во 21:20 часот во СПБ Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со регистерски ознаки на Демир Капија управувано од Б.Х. (54) од Гостивар и камион трактор „Сканија“ со косовски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(60) од Косово.

Маркетинг

Вештачење на местото на настанот извршила екипа на гостиварската полиција заедно со Јавен обвинител, а интервенирала и противпожарна и Брза помош. Автопатот остана блокиран додека траеше вештачењето на терен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button