Словачка, Холандија и Шпанија во вторникот најавија постапно ублажување на ограничувањата наметнати поради епидемијата од коронавирусот со што им се придружија на другите европски држави, додека Ирска ја продолжи забраната за собирање до крајот на август..
Словачка најави дека ќе ги отвори помалите продавници како и повеќето услужни објекти, како и продавниците со површина до 300 метри квадратни. Деловните објекти каде луѓето се во поблизок контакт, како фризерските и козметичките салони ќе се отворат во втората фаза, како и такси службите, црквите и ќе се овозможат и венчавки.
Во третата фаза, две недели подоцна ќе се отворат музеите и трговските објекти (до 1.000 метри квадратни) како и надворешните тераси на кафулињата и рестораните.
Училиштата, градинките. Базените, спортските сали, кината и театрите ќе се отвората во четвртата фаза.
Ирска во вторникот објави дека собири на повеќе од 5.000 луѓе се заранети до крајот на август, а домашната изолација на граѓаните која е воведена на 27.март продолжена е до 5.мај.
Ирските граѓани може да одат на работа, во купување храна, на лекар, за вршење земјодесски работи додека сите други јавни и приватни собири се забранети.
Холандија во вторникот ја продолжи забраната за поголеми собири, како спортски и музички фестивали до 1 септември, за да го спречи ширењето на коронавирусот, а на 11 мај делумно се отвораат основните училишта и градинките.
Во земјата се планира постепено укинување на рестриктивните мерки поради стравување од нов бран зарази.
Рестораните и кафулињата во Холандија остануваат затворени уште најмалку три недели, до 19 мај, а продавниците не се затворени но мора да ги почитуваат безбедносните мерки.
Шпанија во вторникот им дозволи на децата кои беа потполно затворени во домовите од 14. март, малку да прошетуваат од недела.
Поради тоа што беше многу погодена од епидемијата, мерките во Шпанија за седење дома остануваат на сила до 9 мај.
Возрасните можат да одат на работа, да купуваат храна или лекови или да одат на лекар.
Австрија во вторникот најави дека дополнително ќе ги ублажи мерките од средината на мај кога е планирано укинување на забраната за работа на угостителските објекти, а од почетокот на месецот услужните дејности како фризери.
Угостителските објекти од средина на мај повторно ќе можат да примаат гости, со задолжителни мерки како заштитни маски за персоналот, горна граница на гости и доволно растојание меѓу масите. Рестораните нема да работат по 23 часот.
Во истиот период ќе бидат дозволени и верски обреди.
Од 15. мај учениците треба да се вратат во училиште. Наставата за матурантите ќе почне порано на 4. мај,
Италија се обидува да избегне нов бран епидемија па затоа постепено ќе ги ублажува карантинските мерки.
Пицериите и другите ресторани од понеделник повторно ќе може да доставуваат храна во Кампанија и главниот регион на тој регион Неапол.
Италијанските медиуми јавија дека во понеделникот во Неапол, првпат од избивањето на епидемијата на југот на Италија, нема нови заразени.
Германија некои мерки укина по месец дена, но други остануваат на сила.
Германија во понеделникот почна со ублажување на строгите мерки, некои училишта веќе почнаа со работа, повторно се отворија продавници помали од 800 метри квадратни, додека рестораните и други угостителски објекти остануваат затворени.
Автомеханичарските работилници, продавнците за велосипеди и книжарниците може да бидат отворени.
Новите правила предвидуваат враќање на децата во училиште во Саксонија, Берлин и Дранденбург за да ги подготват завршните испити. Со строги мерки на заштита, некаде може да се отворат факултетите за полагање испити, а почнале да се користат и библиотеките и лабораториите.
На сила во Германија остануваат мерките како оние за ограничување на контактите, а затворените ќе бидат и натаму културните и забавните установи.
Данска ги врати учениците на училиште, првенствено оние до 11 години, а повторно се отворени и салоните за убавина, фризерите и стоматолошките ординации.
Данска првите ограничувања ги воведе на 12. март, а населението се придржуваше кон мерките за социјално дистанцирање. Судовите почнуваат со работа на 27 април, додека кафулињата и рестораните остануваат отоворени. За децата постари од 12 години засега нема настава.
Белгија од понеделникот отвори некои продавници кои продаваат градежен материјал и предмети за уредување на градините и куќите.
Црна Гора бележи пад на новозаразените и раст на бројот на опоравените, па во вторникот ги ублажи ограничувањата и им дозволи на граѓаните престој надвор од куќите до 23 часот, а на дуќаните работа до 22 часот.
Исто така, со ублажувањето на мерките дозволена е рекреација на јавните површини, но со држење дистанца и почитувае на другите мерки за превенција.