Еве што ѝ беше НАЈВАЖНО на Славица Ангелова пред триумфот во шоуто „Ѕвездите на Гранд“
Еве што зборуваше Славица пред победата
Еве колку на Славица и беше важно што е единствената од Македонија во финалето на „Ѕвездите на Гранд“.
Победничката во „Ѕвездите на Гранд“, Славица Ангелов, откри што и порача нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид во финалето од шоуто.
Како што самата откри во интервју за Гранд, нејзиниот ментор уште додека не знаеле дека ќе победи, ја советувал да биде своја.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Гранд.онлајн
Таа не крие дека за време на финалето имала голема трема и дека натпреварот го сфатила како прилика да ја претстави својата земја.
„Чувствувам голем притисок затоа што сум единствената натпреварувачка од Македонија која може да ја претстави својата земја во финалето“, изјави Славица пред да биде познат резултатот од гласањето.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Гранд.онлајн
Целиот разговор погледнете го во продолжение:
„Верувам дека сите се горди на мене и се надевам дека како единствена Македонка ја преставував својата земја на најдобар начин“, изјави победничката од Македонија по триумфот во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, во интервју за „Гранд.онлајн“.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Гранд.онлајн
Инаку, Славица по победата во родниот град заедно со екипата од „Ѕвездите на Гранд“ одржа настан за паметење.
Таа настапи заедно со својот ментор Ѓорѓе Давид, пејачката Ивана Петерс и колегата Александар Јосифовски.
Фото: Инстаграм/ Коста Костадинов
Шармантната пејачка на настапот се појави во црно од глава до пети, облечена во тесен, долг фустан со долги ракави.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Славица за овој настан носеше црни сандали и косата и беше врзана во високи коњско опавче, и сите се согласни дека Ангелова изгледаше феноменално, како веќе со години да е голема ѕвезда.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Таа важи за скромна и паметна девојка, која покрај музиката посветена е и на учењето, а како што самата вели, книгите и се најдобри пријатели.
Како победничката изгледаше и на настапот во својот роден град погледнете во продолжение: