Реклама
Вирално

Еве што ќе ни донесе есента: 4 нови мерки кои ќе ги сменат животите на сите нас

Реклама

Есента претставува враќање во реалноста, но поради коронавирусот веќе ништо нема да биде исто, но животот мора да продолжи.

На почетокот на годината не можевме ниту да замислиме колку коронавирусот ќе влијае врз нашите животи. Меѓутоа како што одминува времето, стануваше се поизвесно дека вирусот не влијае само врз нашето здравје, туку и на секојдневието.

Маркетинг

Сите вообичаени работи, како што е одење до продавница, добиваат ново значење. Сега е се поизвесно дека и од есен повторно ќе се менува нашето секојдневие.

Маркетинг

Летото само по себе обично означува период на одмор во текот на годината и една куса пауза кога сме посветени на уживање. Во периодот на корона не делува тоа така, туку ни изгледа како цела година да ни е паузирана, а нашите животи во стагнација. Сепак, есента секогаш претставува враќање во реалноста, па сега го чекаме први септември за да видиме како ќе ни изгледа животот понатаму.

1. Онлајн настава

Она што прво ни паѓа на памет кога ќе го споменеме датумот 1. септември, тоа е почетокот на новата учебна година и враќањето на децата во училиштата. Поради сложената епидемиолошка состојба, се поизвесно е дека учениците ќе останат дома и ќе имаат онлај настава. Некои ученици помалку, некои повеќе.

Во јавноста се споменуваат различни модели според кои училиштето од есен би можело да функционира. Една од опциите е комбиниран модел, според кој учениците ќе имаат две недели онлајн настава, а две недели би оделе на училиште.

Со овој модел кој создава најмногу главоболки на родителите, е ако има само онлајн настава. Се е поизвесно дека од есен учениците нема да се вратат на училиште со полна настава.

2. Децата во градинка со маски

Носењето маски во затворен простое и на отворено кога не е можно да се држи дистанца за возрасните е сосема јасна мерка, меѓутоа тоа нема да оди така лесно со децата, сега кога се знае дека и тие може да бидат преносителите.

Она што најверојатно ќе се случи на есен е дека децата од претучилишна возрањст ќе носат маски во градинките. Додека родителите се загрижени како точно ќе функционира тоа и како толку малите деца да ги натераат да носат маски, предлог за оваа мерка постои, а се чека одлука од кризниот штаб.

Секако и оваа мерка има многу противници.

3. Спортски натпревари без публика

Италијанците за сиот хаос во нивната земја предизвикан од коронавирусот вината ја префрлаа на еден фудбалски натпревар кој се одигра пред неколку десетици илјади навивачи. Така сите спортски манифестации меѓу првите беа „прогонети“ во периодот на короната.

Сепак, ако се обидеме што подобро да се справиме со ковид-19, и на физичко и на психичко ниво, потребно е на некој начин да се вратиме од некои најважни споредни работи на светот. За неколку дена почнува фудбалксата сезона, односно од 1 август.

Меѓутоа, најавено е дека сите натпревари ќе се играат без публика. А извесно е дека од есен без публика ќе се играат и сите спортови во затворено.

4. Стопирање на отплатите на ратите од кредитите

bankomat1

Сите рати од кредитите кои ги имаат стопанствениците и граѓаните ќе може да се стопираат од 1. август. Можно е да има нов мораторуим за отплата на долговите, и да трае уште два месеца.

Но деталите треба да ги соопшти владата и централната банка, како и поединечните банки дали им одговара оваа опција која секако добро ќе им дојде на граѓаните и бизнисмените.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button