Реклама
Наши ѕвезди

Еве што ќе и подари Цеца на бремената снаа на денот на свадбата

Реклама

Синот на Цеца за неколку дена ќе скокне во тавче

Фото: Инстаграм

Подготовките за свадбата на векот се во тек, а јавноста веќе се интересира за секоја ситница поврзана со бремената снаа.

Па така деновиве медиумите објавија дека дукат стар од 1700 година наводно е заврши на рацете на Богдана Родиќ.

Маркетинг

Во прашање е златен дукат кој на цеца и го подарила мајката на нејзиниот сопруг, Славка Јосифовиќ.

Во прашање е дукат кој потекнува од 1700 година, а кој мајката на Жељко го добила од својата прабаба. „Ти го дарувам за да ви биде среќен бракот“, и кажала тогаш свекрвата на Цеца.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

Како што пренесуваат српските медиуми, Цеца истиот овој дукат планира да и го подари на Богдана. Таа тоа ќе го направи следната недела, откако нејзиниот син и идната снаа ќе се заколнат на вечна љубов.

Инаку, фановите на пејачката очекуваат и ова да биде свадба на деценијата. Како што изјави Цеца неодамна, нејзиниот син ќе ги испочитува традиционалните обичаи.

Таа за церемонијата вложи огромно богатство, но и два подароци од непроценлива вредност.

Фото: Инстаграм

Имено, таа на идната снаа веќе и подари брилијантен часовник од голема вредност кој пејачката го избрала специјално за неа, односно да се согласува со вереничкиот прстен кој што Богдана тогаш го доби од својот сакан.

Покрај тоа, Цеца Богдана ја даруваше и со подарок кој е со најголема сентиментална вредност за неа, односно прстен кој што таа го поседува со години.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Пејачката овој преубав прстен го има носено со години и реши традицијата да ја продолжи Богдана, наместо нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button