Еве што се случува меѓу четирите ѕида во раскошната вила на Јелена КАРЛЕУША – пејачката откри детали од бракот со Тошиќ
Бракот на Јелена Карлеуша во последните неколку години постојано е во фокусот на медиумите и јавноста.
Познатиот пар не престанува да интригира, а фановите се интересираат што се случува измеѓу четирите ѕида во раскошната вила во која што живеат пејачката и фудбалерот, но и во какви односи се тие.
Јелена и Душко оваа година одбележаа 15 години д почетокот на нивната љубов и 13 д бракот, а добар дел од брачниот стаж, заради обврските на Тошиќ како фудбалер в странство, тие ги поминаа разделени. Но како што вели Јелена, во изминатиов период тие станаа уште поблиски, што значи далечината не влијаела негативно на нивниот однос.
И двајцата имаат прекрасен однос со нивните наследнички Ника и Атина, и имаат складен брак, колку и да звучи тоа чудно заради сите cкандали што се појавија во медиумите.
Во едно од своите последни интервјуа, балканската поп-дива за магазинот „Стори“ се потсети на почетокот на нејзиниот брак, но и откри дали својот сакан сопруг се уште го нарекува господин совршен.
Карлеуша вели дека мисли дека Душко сепак ја сака најмногу без шминка и без сите додатоци.
„А тоа е и најважно за една жена. Мажот што те сака да те сака онаква каква што си, бидејќи она што луѓето го гледаат, тоа не сум јас“.
„Ова е мојата работа. Луѓето мораат да знаат дека јас приватно и јас деловно воопшто не сме исти личности“.
„Ние сите имаме мани. Јас најмногу. Јас прва. Така што поентата е да прифатите и да сакате некого со сите тие мани. Бидејќи ако барате идеално – тоа тешко ќе го најдете. Ако премногу филозофирате – ќе останете сами. Треба само да најдете баланс оние добри работи да бидат поизразени од оние лоши работи, и да работите на тоа и на комуникацијата. Комуникацијата всушност е многу важна. Некогаш маните знаат да бидат поприлично интересни. На пример моите се многу сек*и“, вели искрено Карлеуша.
Што се однесува до тоа како во изминативе 15 години успеале да ја одржат врската, посебно што најчесто се разделени, односно фудбалетот беше со години во Кина, па во Турција, а пејачката во Белград, таа за тоа вели:
„Сега тука се децата, тука е заедничкиот имот, тука се и 15-те заеднички години по кои станувате како родени. Е тоа е многу важно. А кога ќе се влезе во таква фаза, тогаш ништо не може да го растури тоа“ вели Карлеуша.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша