Реклама
Наши ѕвезди

Еве што прави и како изгледа денес пејачката Атина Апостолова, Македонката без чија песна не поминува ниту една прослава

Реклама

Велат во Македонија е тешко да се има успешна музичка кариера, но таа е доказ дека такво нешто постои.

Нема кој не ја знае Атина Апостолова и нејзините безвременски хитови: „Ако грешам грешна да сум јас“, „Пејте, пејте еј, мераклии“, „Усни румени“,„Цела вечер ќе ти пеам, а ти крши чаши“, „Верувај ми“…..

И после 40 години на сцената нејзина најголема преокупација е токму музиката. Во емисијата „Магазин“ на Сител телевизија таа откри дека всушност по професија е економист.

Маркетинг
Фото: Принткскрин

„Јас имам завршено економски факултет, по професија сум економист, меѓутоа најмлаку го искористив тоа знаење, останав со песната затоа што тоа е мојата најголема љубов. Не значи дека крај има кариерата наша, велат што си постар си подобар, како и за виното така и за пејачите“, кажа Атина која ужива во пензионерските денови.

Вели дека секое утро ѝ започнува со молитва, за здравје на нејзиниот народ и нејзе самата.

Фото: Принтскрин

Песна која се смета за нејзина лична карта е токму „Пејте, пејте, еј мераклии“, на која посебно еуфорични се и младите генерации кога ќе ја слушнат во кафеана.

Маркетинг

„Сите песни си ги сакам. Ако не ја сакам не можам да ја пеам. Си ги слушам за мое задоволство и си пеам кога ќе седнеме на маса со ракија, со пријатели, со друштво, тоа сум јас. Но, си ги сакам и староградските. Никола Бадев како можам да го заборавам кога тој ми ја даде сржта на македонската песна, дикцијата од него ја учев“, вели Атина.

Целото знаење кое го стекнала од него сега се труди да го пренесе на помладите генерации. Секому дава совет од се срце, со цел да помогне.

Фото: Фејсбук

Жена боем, љубител на доброто вино, друштвото и убавата музика. Секогаш весела и расположена за дружба.

Атина се дружи со многу јавни личности од македонската сцена, со кои знаат да останат до раните утрински часови во кафеана.

„Многу лесно се собираме и многу лесно окапуваме. Тешко е да не скоршнеш после.

Сите сакаме добра чаша, добро вино и добра песна. Ај стани од нешто убаво што ти е. Во раната зора, денот се разденува, ние се прибираме“, откри пејачката.

Таа истакна дека енергијата ја црпи од Бога. Голем верник е и молитвите и енергијата која ја црпи од нив ја пренесува на другите.

Фото: Фејсбук / Адријана Алачки

Фото: Фејсбук / Ели Малинкова

Фото: Фејсбук / Вики Среброва

Фото: Фејсбук / Вики Среброва

Фото: Фејсбук / Вики Среброва

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук / Вики Среброва

Фото: Фејсбук / Вики Среброва

Фото: Фејсбук / Вики Среброва

Фото: Фејсбук / Вики Среброва

Фото: Фејсбук / Вики Среброва

Фото: Фејсбук / Ване Марковски

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук / Томислав Таневски

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button