Не се откажува од музиката
Илма Карахмет со својот глас го освои целиот Балкан кога се појави во музичкото шоу уште како мало девојче. Таа пред неколку дена ја објави песната „Ништо твое“ со која веќе собра неколку милиони прегледи на Јутјуб.
„Не очекував ваква реакција од публиката. Тоа е мојата мотивација и понатаму да се трудам кога е во прашање музиката“, изјави Илма во Премиера.
Таа во продолжение од разговорот истакна дека е пресреќна што добила голема поддршка од музичките ѕвезди како што се Марија Шерифовиќ и Нина Бадриќ. Инаку, многумина беа изненадени кога слушнаа дека Илма се омажила, а нејзиниот сопруг денес и е најголема поддршка.
„Се омажив од љубов и на секого би му посакала да биде среќен како јас. Тој секако, покрај моите родители, ми ја дава најголемата поддршка, бидејќи сум жена и неговата машка рака ми треба“, откри Илма.