Реклама
Наши ѕвезди

Еве што објави една од нашите најпознати пејачки за Евровизија – напрви хаос со својот коментар

„После ова издание на Евровизија, сметам дека донесов правилна одлука“ вели таа

Реклама

Коментарот на нашата пејачка никого не остави рамнодушен

Имено, Андријана Јаневска на својот Фејсбук профил напиша подолг коментар во врска со популарниот музички фестивал Евровизија.

Јаневска ги потсети своите следбеници дека минатата година од МТВ добила покана да ја претставува Македонија на Евровизијата во Малме. Но, како што вели таа, би прифатела тоа да се случело пред 20-на години кога се натпреварувала со песната „Твоето писмо моја Библија“ или кога на Скопскиот фестивал победила со „Носталгија“, кога имала само 20 години и кариерата и била во подем.

Маркетинг

„Тогаш имав 20 години, кариерата ми беше во подем и имав желба да направам нешто за Македонија. Исто така, тоа беа времиња кога Евровизија сè уште важеше за некаков културно-уметнички натпревар помеѓу народите и кога секоја земја се натпреваруваше со песна на својот јазик“, вели Андријана во своето обраќање.

Маркетинг
Фејсбук/ Андријана Јаневска

Пејачката потоа потсетува дека има 42 години и дека се чувствува остварено како на приватен така и на професионален план.

Фејсбук/ Андријана Јаневска

Јаневска исто така споменува и во врска со нејзината желба да направи нешто за Македонија, тоа го направила преку докторскиот труд на кој работела речиси цела една деценија и со кој успеала да заштити преку 150 македонски народни песни од Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои соседните држави претходно суптилно, а во последниот период јавно почнале да ги претставуваат како свои.

Таа на крај им се заблагодари на МТВ за укажаната можност, но и го искажа своето разочарување од последното издание на Евровизија.

„Благодарност до МТВ за укажаната можност, но, после ова издание на Евровизија, сметам дека донесов правилна одлука“, вели Јаневска во своето обраќање на Фејсбук.

Потсетуваме, овогодишната Евровизија 2024 беше проследена со бројни инциденти, од протести заради настапот на Израел, до дисквалификација на претставникот на Холандија.

Принтскрин/ Јутјуб

На крајот според гласовите од публиката и жирито, победата ја однесе Швајцарија, односно пејачот Немо Метлер.

Принтскрин/ Јутјуб

Младиот хрватски пејач Бејби Лазања го освои второто место, а беше еден од фаворитите до самиот крај.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button