Реклама
Вести

Еве што НЕ треба да правите на денот на СВЕТАТА ПРЕПОДОБНА МАЧЕНИЧКА ПАРАСКЕВА – Света Петка Летна

Реклама

На 8 август, Македонската православна црква го слави празникот на преподобната маченичка Параскева, во народот позната и како Света Петка Летна.

Нејзините мошти се чуваат во Цариград.

На фреските и иконите, таа е претставена во монашка облека со крст, како симбол на страдање, во едната рака и гранче од мирта во другата.

Маркетинг

Во календарот на нашата црква, на оваа светителка посветен и е 8 август иако многумина го мешаат овој празник со Света Петка, кој се слави на 27 октомври.

Првата е родена во Рим и затоа е позната како Света Петка Римска, додека втората е родена во Грција.

Маркетинг

Празникот на Света Петка Римска е еден од недвижните, тој се слави на 8 август според новиот или 26 јули според стариот календар.
Според традицијата, оваа светителка е заштитничка на жените и се верува дека им помага на болните и сиромашните. Дури и денес, многумина се молат над нејзините мошти затоа што се верува дека исцелуваат и дека можат да им помогнат на оние што имаат некои животни проблеми.

Со овој празник завршува циклусот на женските празници (Огнената Марија и блажената Марија). Празникот не е со црвена буква во црковниот календар, но според старото верување и почит кон големата светителка и маченичка, на овој ден не треба да се работи тешка физичка работа.

Треба да се избегнуваат сите напорни работи на нива и дома. Нашите прабаби веруваа дека на овој ден не е добро да се меси леб, да се мие облека, да се изнесува пепел или да се направи било што од рачните изработки, за да на жените во текот на годината не им трнат рацете.

Според стариот обичај, младите девојки треба да берат цвеќиња и да го украсуваат домот на овој празник, за да во него владее хармонијата, љубов и мир.

Исто така, се верува дека младите девојки треба да носат нови фустани за да ги следи радост во наредната година.

Од православниот календар

Преподобната маченичка Параскева е родена во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги делотвори сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера упатуваше на патот на спасението и други. Кога нејзините родители се упокоија, го раздаде имотот на сиромасите, а самата се замонаши. Како монахиња со уште поголем жар и ревност ја проповедаше верата во Христа не криејќи ја од никого, иако во тоа време римските власти крваво ја гонеа христијанската вера. Први за проповедање на забранетата вера Света Параскева ја обвинија злите Евреи. Ја изведоа на суд пред царот Антонин. Сите ласкања на царот не помогнаа ни најмалку да ја поколебаат Божјата слугинка во вистинитата вера. Тогаш ја подложија на огнени маки и и’ ставија усвитен шлем на главата.

Но Господ чудесно ја спаси и таа се избави и се оддалечи од Рим. Тргна од град во град да го обраќа тогашниот незнабожечки народ кон христијанското благочестие. Уште во два града беше изведувана пред кнезови и судии и истизавана за Господ, но притоа вршеше големи чуда со силата Божја и брзо се опоравуваше од маките. Како и секогаш, незнабожците нејзините чуда ги припишуваа на магии, а нејзиното опоравување на силата и милоста на нивните богови. Еднаш на кнезот мачител Света Параскева му рече: „Не ме исцелија твоите богови кнезу, туку мојот Христос, вистинскиот Бог“. Најпосле некој кнез Тарасиј ја уби со меч. Тоа беше славниот крај на многуплодниот живот на оваа светителка.

Нејзините мошти подоцна беа пренесени во Цариград. Чесно пострада за Христа во 2 век.

Тропар

Откако твојата ревност ја направи слична на твоето име, во наследство ја прими твојата жива вера, маченице Параскево. Затоа излеваш исцеленија, и се молиш за душите наши.

Кондак

Дојдете, верни, заедно да ? запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го мракот на прелеста, и благодат неисцрпна им дава на верните, кои повикуваат: Радувај се, маченице многустрадална.

Детство и младост

Светата маченичка преподобна Параскева била родена во Рим, во времето на владеењето на императорот Адријан, од христијански родители – татко Агатон и мајка Политеја. Нејзините родители долго време немале деца и постојано му се молеле на Бога да им подари барем едно дете. Нејзиното име произлегува од тоа што таа била родена на денот петок. Бидејќи по потекло била од грчко христијанско семејство, таа го добила името Параскеви, односно “петок” на грчки, што е вообичаено грчко женско име. Оттука, св. Петка е позната и под името: Света преподобна маченичка Параскева Римјанка. Бидејќи, таа била родена во петок, денот кога верниците се подготвувале за празнување на саботата (Пасха), името Параскева означува и “подготовка.“

Родителите на Параскева биле во добра материјална состојба, што овозможило таа да се здобие со добро образование.

Уште од млади години, таа била воспитувана во духот на христијанството, така што кога научила да чита, Библијата била нејзиното омилено четиво. Исто така, како задолжителен дел од образованието на децата од добростоечките семејства во тоа време, таа ја изучувала темелно и филозофијата. Привлечени од нејзината извонредна убавина и интелигенција, многу синови на угледните семејства ѝ нуделе брак, но таа ги одбила сите.
Проповедање на христијанството
Родителите на Параскева почи нале кога таа имала 20 години. Исполнета со христијанските идеали и христијанскиот дух, и како единствено дете и наследник на семејниот имот, таа продала сè што поседувале нејзините родители, заработените пари им ги поделила меѓу сиромасите и се замонашила, проповедајќи го христијанството.

Незаштитена и во многу опасни времиња, кога христијаните биле прогонувани, ѕвеpcки мачени и погубени во Римското Царство, Параскева остатокот на својот живот го поминала подучувајќи ги луѓето на христијанската вера и успеала да преобрати многу луѓе во новата религија. Поради својата елоквентност, моќ на убедување и убавина, таа привлекла многу внимание и во неколку наврати била изнесена на суд пред властите, а еднаш, наклеветена од некои Евреи, таа била изведена пред императорот Антонин Пиј (138 – 161).

Тој се воодушевил од нејзината необична мудрост и убавина и ѝ рекол да им принесе жртва на боговите за да добие бројни дарови и богатства, а ако не прифати, ќе биде подложена на мачење. Но, Параскева му одговорила на царот: “Јас никогаш нема да се откажам од Христос, мојот Бог!”.

Тогаш, царот се разгневил и наредил на главата да ѝ стават вжештен железен шлем, но таа останала неповредена. Потоа, царот наредил еден голем казан да се наполни со врело масло и смола и тој ја фрлил Параскева во казанот. И покрај тоа, таа стоела среде казанот, неповрдена. Зачуден од глетката, царот ѝ рекол: “Параскево, попрскај ме со маслото и смолата за да видам дали навистина жежат.” Параскева зела во раката масло и смола и го попрскала в лице, а царот веднаш ослепел. Тогаш, тој започнал гласно да ја моли и да бара помош со зборовите: “Смилувај се на мене, слугинко на вистинскиот Бог, па и јас ќе поверувам во Господ кого ти го проповедаш.” Параскева му се помолила на Бога и царот веднаш прогледал.

pexels

Од тој момент, царот и неговите телохранители поверувале во Христос и се преобратиле во христијани.

Св. Петка го напуштила Рим на триесетгодишна возраст и проповедала во неколку градови. Во време кога суеверниот народ ги обвинувал христијаните за разноразни несреќи, вклучувајќи и природни непогоди, Параскева била често пати прогонувана, затворана и ма чена, но останала непоколеблива и верна на својата мисија.

Проповедајќи го христијанството, таа стигнала во еден град, управуван од кнезот Асклипиј пред кого изјавила дека Христос е Бог на небото и на земјата. Разгневен, Асклипиј ја испратил во една пештера, надвор од градот, во која живеела некоја страшна змија, но од присуството на Параскева, змијата се распукала на два дела и умpe ла. Така, кнезот и неговите придружници се преобратиле во христијани.

Подоцна, св. Петка пристигнала во друг град во кој владеел страшниот кнез Тарасиј, пред кого, исто така, изјавила дека Христос е вистинскиот Бог. Поради тоа, кнезот ја фрлил во котел полн со врело масло, смола и олово, но Господ испратил ангел од небото, кој го оладил котелот. Така, св. Петка останала неповредена. Тарасиј ја ставил на други тешки маки, но таа не се откажала од верата во Христос, така на Параскева ѝ била отсечена главата со меч околу 140 година. По cмpтта, нејзината душа како гулабица одлетала на небото.


Значење и слава

По нејзината маченичка см рт биле забележани бројни чуда, кои се случувале како резултат на нејзината интервенција и православните верници продолжуваат да сведочат за нејзините чуда до денес. За нејзините свети мошти сведочел аџијата Антониј, кој ги видел и им се поклонил во 1200 година во Цариград, каде што и ден-денес постои црква посветена на неа. Светицата е особено популарна во Грција, каде во главниот град Атина едно предградие го носи нејзиното име, а во Солун се наоѓа црква со света изворска вода, посветена на св. Петка. Исто така, нејзиното име се слави и во останатите земји на Балканот. Во Македонија, честички од моштите на св. Петка се изложени во манастирот Свети Јован Бигорски.

Празникот Св. Петка се празнува на 26 јули по стариот календар, т.е на 8 август по нов стил.

Фото пекселс

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button