Реклама
Наши ѕвезди

Еве што направи македонската Гранд ѕвезда по големиот скандал што му го приреди оваа позната пејачка

Пејачката направи скандал на нивниот заеднички настап – ги избрка своите колеги од сцената пред сите

Реклама

Многумина беа во шок од гестот на пејачката

Како што објавија речиси сите српски медиуми, пејачката Весна Џогани им направи крајно непријатна ситуација на своите помлади колеги, некогашните „Гранд“ ѕвезди, Миа Смиљаниќ и Дарко Ѓорѓески, младиот пејач и музичар од Македонија.

Таа наводно на еден нивен заеднички настап ги понижи пред сите, а нејзиниот недоличен гест крена голема прашина.

Маркетинг

Како што објави српскиот Телеграф, Весна наводно требало да настапи по Миа и Дарко, кои истата вечер имале настап во еден клуб.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб

Но нејзините млади колеги понесени од добрата атмосфера решиле малку да го продолжат својот настап, по што Весна се качила на сцената, го земала микрофонот и ги понижила пред сите.

„Фала, фала, одиме понатаму, сепак сме во дискотека, а не на свадба“, им се обратила Весна на колегите.

Инстаграм/ Весна Џогани

По овој гест на пејачката целиот клуб бил во шок, посебно што Миа и Дарко им приредиле одлична забава, но и затоа што Весна настапот го продолжила со слични песни кои и помладите колеги ги пееле.

Инстаграм

По ваквиот скандал се огласи и македонскиот пејач кој всушност сподели објава на својата колешка Миа Смиљаниќ.

„Новинари, да, се случи и многу не разочара и изненади ваквиот потег на некој што толку долго е присутен на естрадата и теренот! Од наша страна немаше никаков обид на некој да му го ‘одземеме шоуто’“.

Инстаграм

„Секој за себе најдобро зборува, па така и нашата драга колешка. Сепак ова е мала бара, а полна со…“ пишува во објавата на која стојат додадени и неколку емотикони, а меѓу нив и оној со глиста или змија.

Инстаграм

Потсетуваме, Миа и Дарко се прославија во „Ѕвездите на Гранд“, а по шоуто продолжија со заеднички настапи.

Тие веќе имаат неколку хитови со милионски прегледи на Јутјуб, а деновиве го објавија и спотот за песната „Мами“ која веднаш стана голем хит, но и ги воодушеви нивните заеднички фанови.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Дарко има 24 години и по потекло е од Македонија, а пред да се пријави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ живееше во Австрија.

Инстаграм

Миа и Дарко во моментов важат за еден од најпознатите дуети од помладата генерација во регионот, а нивната најнова песна „Мами“ која веќе е голем хит слушнете ја во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button