Еве што им порача Тамара Тодевска на оние што ја „распнаа“ поради македонската химна
Пејачката реши да го прекине молкот
Пејачката Тамара Тодевска беше главна тема со денови по несреќниот гаф што го имаше при интонирањето на македонската химна во амбасадата на САД. Таа откако го предизвика револтот и беше критикувана на социјалните мрежи од страна на македонската публика, реши да направи мала пауза, па во изминатиов период ретко беше активна и на Инстаграм и Фејсбук. Одвреме-навреме само ќе објавеше по некоја фотографија или песна, а со нејзината последна објава повторно го предизвика вниманието.
Имено, таа објави порака во која вели дека е интересно колку некои луѓе можат погрешно да те доживеат. „Тоа е дека не те познаваат доволно, но мислат дека имаат право да кажат нешто за тебе“, пишува Тамара во објавата со која пријатно ги изненади своите верни фанови.
Но за разлика од она што се случува кај нас, Тамара на светската сцена продолжува да ниже успеси. По генијалниот настап на Евровизија и освоеното прво месо од страна на стручното жири, Тамара деновиве беше прогласена и за најголемо изненадување на Евровизија.
Имено, според бројот на гласовите, Тамара со песната „Proud“ победи и во „Vision Music Award for Biggest Surprise“.