Реклама
Вирално

Еве што им порача Венко Филипче на верниците што го „заборавија“ коронавирусот и беа дел од масовниот религиски собир во Струга

Реклама

Голем број верници присуствуваа на традиционалната струшка Еордија – литијата со икона на Св. Великомаченик Георгиј Победоносец, збогатена со неговите мошти од неговиот Манастир во Рајчица.

Но ова ја подели јавноста во Македонија, посебно затоа што масовниот религиозен собир се одржа за време на пандемија.

Маркетинг

Откако се појавија фотографии на социјалните мрежи на кои се критикуваат оние кои не држеле никаква дистанца, ниту пак носеле заштитни маски, многумина се прашуваат зошто полицијата не реагирала на кршењето на мерките според кои забранети се масовни собири, како и собири на повеќе лица на дистанца помала од два метри.

Свештенството при храмот Св. Георгиј, организатор на традиционалната литија што се одржа во Струга, а по која уследија реакции за непридржување на верниците до мерите за заштита од вирусот Ковид-19, соопшти дека црквата неколку дена претходно и пред самиот настан гласно повикала на придржување на мерките дадени од државните власти и потенцира дека нема никаков простор за обвинување. Тие апелираат до политичките партии и сите општествени чинители да не ги користат активностите на Црквата за наведување на граѓаните да не ги почитуваат мерките, а до оние кои се декларираат како верници, да бидат внимателни, одговорни и послушни на црковното началство, бидејќи, потенцираат, со самоволието се предизвикуваат само несакани и неблагословени нешта.

Маркетинг

-Бидејќи на социјалните мрежи и на одредени интернет гласила се појавија обвинувачки текстови во врска со традиционалната Струшка Еордија – Литија со моштите и чудотворната икона на Свети Георгиј Победоносец, сметаме дека е потребно да дадеме мислење од името на клирот на МПЦ-ОА. Со цел да не згасне оваа древна културна манифестација во Струга, која, патем, е дел од значајното културно наследство на Македонија, заштитено со закон, а во исто време да се испочитуваат и профилактичките мерки донесени од страна на Владата, во соопштението од Црквата по повод овој настан, објавено на 4 мај, и проследено од страна на голем број медиуми, беше сосема јасно укажано дека верниците треба да се придржуваат на превентивните мерки на државните и здравствените власти, стои во соопштението.

Исто така, дополнуваат, надлежниот епархиски митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски, во својата јавна проповед пред почетокот на литијата јасно нагласи:

-Сега ќе продолжиме со предвидената Литија, но, како што знаете, поради ограничувања од страна на државните и здравствените организации или институции, не е дозволено да се групираме во голем број на народ, затоа ќе дозволите Литијата да ја направиме со помал број на луѓе, односно со оние кое се предвидени во смисла на Литијата што треба да се организира, а другите ќе ги замолиме да останат тука и да почекаат…“

Освен тоа, укажува свештенството во соопштението, во насока на почитување на мерките на заштита и превенција, богослужбата беше отслужена надвор, односно во дворот на струшкиот храм, наместо во неговата внатрешност.

 

-Следствено, повеќе од јасно е дека Црквата, и неколку дена претходно, а и пред самиот настан, гласно повика на придржување на мерките дадени од државните власти и тука нема никаков простор за обвинување. Испраќаме апел и до политичките партии и сите општествени чинители да не ги користат активностите на Црквата за наведување на граѓаните да не ги почитуваат мерките. Мерките на Владата се за наше добро, да ги почитуваме за да се заштитиме. Накрај, би сакале да им упатиме уште еден апел на оние кои се декларираат како верници, да бидат внимателни, одговорни и послушни на црковното началство, бидејќи со самоволието се предизвикуваат само несакани и неблагословени нешта.

Молитвите на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец нека бидат со сите!, порачуваат од Свештенството при храмот Св. Георгиј.

Од манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во Рајчица во соопштение на 4 мај информираа дека поради актуелната вонредна состојба со Ковид-19, а во согласност со препораките на здравствените власти, овогодинешната Струшка литија со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона, ќе се одржи без присуство на народ.

-Традицијата на Струшката литија (Еордија) и чествувањето на светиот великомаченик Георгиј никако нема да изостанат, зашто неговиот благослов е особено потребен во актуелниот период, но овој пат, целокупната церемонија ќе мора да биде реализирана само од страна на свештеничкиот клир, како и од Бигорската, Рајчичката и Пречистанската Обител, наведоа од манастирот.

По ова се јави и министерот Филипче, кој преку Фејсбук порача дека сцените што ги видел во Струга биле крајно разочарувачки за него. „Ги толкувам единствено како целосно непочитување на здравствените работници и сите кои деноноќно работат за да ја надминеме кризата“, вели министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.

„Од почетокот постојано повторувам дека без поддршка од граѓаните, здравствените работници не можат да направат ништо. Буквално ништо. Ако сакаме да го задржиме овој позитивен тренд мора ги почитуваме мерките без исклучок. Исто така, барам да се спроведе истрага како се дозволило да се случи ваков вид на собир кој е строго забранет. Апелирам до граѓаните да се воздржат од какви било собири за да конечно почнеме да го враќаме животот во нормала“, напиша Филипче на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Па, кое е вашето мислење за ова?

Извор: Либертас, Струга онлајн, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button