Еве што изјави Цеца за cкандaлот во „Ѕвездите на Гранд“ – се огласи и КАРЛЕУША, пејачката ова НЕ МОЖЕШЕ да го премолчи!
Младата натпреварувачка заради навредите го напушти шоуто
Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави денес на снимањето во „Ѕвездите на Гранд“, а главна тема беше натпреварувачката Анастасија Иќуруп која заради коментарите што ги доби на сметка на својот пpoвокативен изглед реши да се откаже од понатамошното натпреварување.
На самиот почеток Цеца беше збунета од прашањето на новинарите, бидејќи пејачката се вика исто како и нејзината ќерка Aнастасија.
„Навистина ми е жал, не требаше тоа да го направи. Важна е нејзината кариера. Сите ние сме доживувале некои критики во животот кои биле незгодни или не, таа е убава девојка, талентирана“, изјави Цеца.
Цеца исто така коментираше и дека зборовите на нејзините колеги Ана Бекута, Снежана Ѓуришиќ и Босанац според нејзиното мислење, беа премногу груби.
Таа ги потсети новинарите дека и во емисијата веќе го кажала она што го мисли, а тоа е дека секој има право да се изрази на свој начин.
„Но да не се лажеме – знаете што се има случувано во ‘Ѕвездите на Гранд’, какви сé навреди имаше, колку солзи имаше пролиено од тие кандидати, колку беа лути родителите, тоа го нема денес“, заклучи таа.
Потсетуваме, пејачката која реши да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ во последната емисија настапи во провокативно издание, а заради нејзиниот стајлинг доби остри критики од жирито.
Ана Бекута беше најгласна од оние што сметаа дека претерала, според која пејачката изгледаше дегутантно.
Инаку, заедно со Анастасија беше критикувана Маја Ѓорѓевиќ, која е во екипата на Ѓорѓе Давид.
Токму затоа се огласи и нејзиниот ментор кој веднаш скокна во одбрана на својата кандидатка.
Тој сега на снимањето на новата емисија повторно ги коментираше негативните коментари на сметка на неговата кандидатка, и повторно во негов стил.
„Минатата година ја имавме Јелена Карлеуша во жирито, која доаѓаше пoлyгола. Ајде да не се играме, и тука никој од овие не смееше ни да гукне ниту еден збор“, изјави Ѓорѓе пред новинарите
Неговата изјава веднаш ја сподели Јелена Карлеуша на својот „Инстаграм стори“, каде му одговори на пејачот.
„Јас полyгола?! Ова не е точно! Доаѓав потполно гoлa“, порача Карлеуша со неколку емотикони кои плачат од смеење.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Анастасија Иќуруп
Фото: Инстаграм/ Анастасија Иќуруп
Фото: Инстаграм/ Анастасија Иќуруп
Фото: Инстаграм/ Анастасија Иќуруп
Фото: Инстаграм/ Анастасија Иќуруп
Фото: Инстаграм/ Анастасија Иќуруп
Фото: Инстаграм/ Анастасија Иќуруп