Еве што вели Јелена Костов за короната, но и за проблемите во бракот – ПЕЈАЧКАТА ја прележа болеста, па конечо се огласи
Најмногу и помгна грижата за синот
Пејачката Јелена Костов летово го прележа вирусот корона, а деновиве раскажа како ги поминала тие неколку недели.
Таа раскажа како сега изгледа нејзиниот живот, бидејќи покрај здравјето пандемијата и ја загрози и работата.
Но Јелена утеха наоѓа во својот наследник за кого вели дека секогаш ја насмевнува со својата невиност и палавост.
„Мојот син секако дека може да ме расположи во секој момент, но јас сум некој на кого овој период не му падна тешко. Тоа што морав да седам дома, едноставно сфатив дека така мора да биде, секогаш ќе се најде некоја рекреација, посебно кога сте со мало дете“, изјави пејачката за „Ново утро “ и додаде дека е ужасно тоа што за време на кризата со корона многу бракови се соочиле со тешка криза.
„Ми се смееја зошто многу ја почитував изолацијата. Два месеци не мрднав од станот, сопругот ми носеше се што треба. Толку многу внимавав. Откако почна сето ова, имав само еден настап, зошто не сакав никого да доведам во незгодна состојба и да се изложуваме на ризик. Единствено што направив е што отидов кај родителите на месец дена. Толку им бев лута на некои луѓе што шетаа, а знаеја дека имаат симптоми“, изјави пејачката за медиумите додека се уште беше болна, во третата недела од тешката борба со вирусот.
„Додека луѓето не почувствуваат на своја кожа колку е тоа опасно, мислам дека не ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата“, изјави таа тогаш.
Инаку, сопругот на Јелена, Миљан, и синот Милија поминаа добро и без никакви симптоми.