Реклама
Вирално

Еве што вели „врачот“ Сашо Тасевски за политичарите во Македонија

Реклама

Познатиот актер го коментираше случувањата околу не добивањето датум за преговори со ЕУ.

Фото: Принтскрин

Еве што напиша тој на социјалните мрежи, но и едно видео во кое нуди решение како да се избавиме од ваквото беспаќе во кое се најдовме благодарение на нашите „лигуши и лудаци“.

„Да веруваш дека во моќните колонијални држави како Франција, Британија, по ново и САД, на власт дошле случајни типчиња, малку чукнати и незрели, треба да си тотално скаран со логиката, минатото, сегашноста и фактите.

Маркетинг

Лесно се заборава дека гласот на Макрон е глас на Франција, на кројачите на нејзината надворешна политика. Франција сака да се наметне во врвот на ЕУ. Покажува мускули. Нејзино право. Макрон не е незрел бабо*бец, напротив, со години е подготвуван да ја преземе ФРАНЦИЈА. Зад него стојат моќни француски политички финансиски и воени структури. Ние сме тука колатерална штета. Да простите, на таквото не не ставаат. Ниту пак им значиме нешто. Престанете да си ласкате и да се пувате дека некому сме важни во тоа братство. Не проаѓаме. Точка.

Во таа приказна, незрелите сме ние. Не сме ни во ран пубертет, туку сме заглавени во онаа фројдовски кажано, ан*лна фаза. Опседнати со сами себе и само во корист на својот з*дник. Погледнете, веќе кај никој не постои срам што не ги исполнил ветувањата, одат на избори и очекуваат да победат. Другите не знаат кому побрзо да се додворат кај странскиот фактор, за да се вратат на власт, наместо да ги исчистат своите редови од ѓубрињата кои ги девалвираа во јавноста.

Маркетинг

Борба за гола моќ и власт. Ништо друго. Затоа влегоа со полни гради во изборна трка, шест месеци пред изборите. Тие ќе митингуваат, ние ќе мизеруваме во нивната мизерија. Така, изборите пак ќе се сведат на меч меѓу двата најголеми партиски табори. Нормалните ќе седат на страна и ќе им се потсмеваат, со мачнина во стомакот, дека тие лудаци и лигуши на крајот секогаш се смеат најслатко.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button