Реклама
Наши ѕвезди

Еве што вели Анета за разводот од Џими, причината не е неверство: „Никој не знае како ми е на душата“

Неодамна си го врати моминското презиме, а сите се согласни дека изгледа подобро од кога било досега

Реклама

Време е да им се стави крај на шпекулациите

Пејачката Анета Љумаковка е една од нашите најдобри и најпознати естрадни уметници кој секогаш први одлични забави.

Таа долго време настапуваше со групата „Молика“ во која е и нејзиниот поранешен сопруг, Џими Мицевски.

Маркетинг

Тие и по разводот одлучија да ги одржат однапред закажаните настапи, а потоа секој да продолжи по својот пат.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Анета веќе има свои соло настапи, но и заедно со групата „Круна“, а на Фејсбук од пред неколку недели може да се види и најава за еден нивен заеднички настап во Липштад, Германија, на 24 декември.

Инаку, Анета откако се појави веста дека се разведува, најпрво не сакаше да зборува на оваа тема, туку сакаше тоа да остане дел од нејзината приватност. И додека во јавноста се ширеа шпекулации за неверство и можеа да се прочитаат грди коментари како за неа, така и за нејзиниот поранешен сопруг, решивме да ставиме точка на озборувањата и да потсетиме дека сепак станува збор за нечиј приватен живот и дека нема потреба од никакви дезинформации.

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Впрочем таа и самата истакнува дека отсекогаш била свесна дека заради професијата што ја работи ќе се соочува со многу озборувања, вистини и невистини, но и дека тоа не значи дека не треба да ја почитува својата публика и дека вистината кога тогаш е излезе на виделина.

Како што вели и самата пејачка, никој не знае како и е на душата, дали е расположена или едноставно треба да се дотера, да се нашминка и да ја намести насмевката на лицето и колку и да и е тешко да се појави на бина и како вистински професионалец да си ја заврши работата.

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

А колку голем професионалец е кажува и фактот што и покрај тоа што повеќе не е со Џими, тие ќе ги одржат сите однапред закажани настапи со нивната заедничка поранешна група „Молика“, а потоа на мирен начин ќе се разделат како цивилизирани и возрасни луѓе.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Што се однесува за разводот Анета вели:

„За разводот нема што да зборувам тоа е дел од мојата приватност, се случи тоа што се случи и свесни сме сите дека се што се случува е со некоја причина која што само еден Господ ја знае. Кога не оди нешто треба да се прекине и да се продолжи понатаму , бидејќи животот е еден и е многу краток и треба да се проживее како ние ќе посакаме“, беше искрена Анета.

А тоа дека е решена да стави точна на минатото и да сврти нова страница во животот, покажуваат и нејзините најнови објави.

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Имено, таа во изминатиов период имаше неколку настапи без „Молика“, но и беше гостинка во неколку телевизиски емисии, а она што сите го забележаа дека пејачката блеска како никогаш досега.

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Очигледно тешкиот период е веќе зад неа и таа продолжува онаму каде што застанала, посилна од кога било досега, а најголема поддршка добива како од најблиските, така и од фановите.

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

„Преубаво изгледаш, браво“, „Кралица“, „Секогаш си убава“, „Права дама со стил, најубава на нашава естрада, нормална“, се само некои од многуте коментари што Анета ги добива од своите верни обожаватели кои со нетрпение очекуваат нова песна од неа.

Фото: Фејсбук/ Анета Љумаковска

А дотогаш да се потсетиме на некои од нејзините најубави песни…

Целото интервју со Анета прочитајте го тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button