Еве со кого Ноне го славеше празникот на вљубените во својот дом – романтичната атмосфера и црвено вино за опуштање!
Романтична атмосфера за Валентајн во домот на некогашната македонска пејачка.
Ноне Неделковска или македонската морепловка како што многумина ја нарекуваат, секојдневно покажува како се ужива во животот.
Додека беше релативно млада ја започна својота музичка кариера во Македонија.
Првиот настап го имала на детскиот музички фестивал Златно славејче во 1995 со песната „Каубои смели“.
Таа учествувала во втората сезона на „Музички идол“ за Србија, Црна Гора и Македонија, каде на крајот го освоила второто место. После ова, таа потпишала договор со Премиер Продукција.
Зад себе остави многу хитови кои ги знаат дури и поновите генерации.
Токму кога почна да ужива во големата популарност и успесите кои ги постигна, Ноне се одлучи за драстична промена.
Го остави шоу-бизнисот и замина во потрага по подобар живот.
Музиката ја стави во втор план и се одлучиза сосема поинаква професија.
Ноне започна печалбарски живот, односно се вработи на брод во Америка.
По сѐ изгледа дека тоа е најдобрата одлука која некогаш ја донела.
Дека никогаш не се покаја за таа одлука доказ се фотографиите кои редовно ги споделува на социјалните мрежи, а на кои покажува дека ужива максимално воживотот.
Патувања, луксуз, егзотични дестинации, дружби, познанства… сето тоа е дел од нејзиниот живот сега.
Нејзините фотографии на Инстаграм се како разгледници.
Но, интересот за нејзиниот приватен живот не згасна никогаш.
Таа и понатаму е интересна за македонската публика и сѐ уште има свои фанови овде.
Она што секако сите ги интересира е тоа дали Ноне има момче.
За некои свои партнери и самата таа јавно зборуваше, некои ги криеше, а сега повторно остави на фантазијата на публиката.
За празникот Валентајн таа се пофали каков подарок добила, но ик со кој го прославила.
На Инстаграм сподели видео од букетот рози со напишана порака на нив, а друштво за овој празник ѝ правеше нејзиното домашно милениче.
Пејачката воедно го прослави и православниот празник Свети Трифун.
„Пијам вино и си ја гледам својата работа”, стои во опис на видеото.
ФОТО: Инстаграм / Ноне Неделковска
ФОТО: Инстаграм / Ноне Неделковска
ФОТО: Инстаграм / Ноне Неделковска
ФОТО: Инстаграм / Ноне Неделковска
ФОТО: Инстаграм / Ноне Неделковска
ФОТО: Инстаграм / Ноне Неделковска
ФОТО: Инстаграм / Ноне Неделковска
ФОТО: Инстаграм / Ноне Неделковска
ФОТО: Инстаграм / Ноне Неделковска
ФОТО: Инстаграм / Ноне Неделковска
ФОТО: Инстаграм / Ноне Неделковска
ФОТО: Инстаграм / Ноне Неделковска
ФОТО: Инстаграм / Ноне Неделковска
ФОТО: Инстаграм / Ноне Неделковска
ФОТО: Инстаграм / Ноне Неделковска