Еве со кого македонската Брижит Бардо не и треба машко друштво – ПОГЛЕДНЕТЕ со кого се забавуваше цела вечер (фото)

Македонската старлета и некогашна водителка секогаш е во добро друштво каде и да оди.
Мелита Ракикевиќ се појави во јавност уште како многу млада, а публиката ја засака најмногу заради нејзините емисии посветени на животните.
Тоа беше и единствената емисија за миленичиња преку која сопствениците имса можност многу да се едуцираат за одгледувањето животни.
Мелита е жена која отсекогаш се трудела да изгледа беспрекроно.

Иако не крие од јавноста за естетските зафати кои ги има направено, сепак се вбројува меѓу најубавите жени на јавната сцена.
Она што дефинитивно мора да се признае е тоа дека линијата ја доведе до совршенство.
Од бракот со сопругот Владимир ја има и ќерката Барбара која тргна по нејзините стапки.

Барбара освент талентот за водителство, од својата мајка ја има наследено и убавината. Таа својата водителска кариера ја започна во естрадниот магазин Бекстејџ, каде веднаш беше одлично прифатена од публиката.
Барбара е вредна и успешна, но и доста активна на социјалните мрежи. Со оглед на тоа дека е дете на позната личност, таа е сепак многу скромна и се труди самата да достигне големи успеси.

Многу е поврзана со својата мајка и двете се неразделни. Скоро на сите патувања одат заедно.
Неодамна Мелита одговараше на прашања од фановите на Инстаграм, па проговори и за односот со својата ќерка.
„Дека сум луда по Барби сите знаат, дури ја „гушам“ со мојата љубов. Многу се трудам да биде среќна и живеам за неа. Дали ме цени и колку е благодарна? Јас ништо за свое дете не гледам како нешто за кое треба да ми возвраќа. Најубаво е кога од срце ќе ме гушне и сака“, одговори Мелита.

Дека се неразделни говорат и видеата објавени синоќа на нивните Инстаграм профили.
Имено, на мама Мелита и Барби не им е потребно дополнително друштво, тие две и самите умеат лудо да се забавуваат.
На социјалните мрежи споделија снимки од забавата во еден скопски локал.
Мелита и Барбара цела вечер пееја и танцуваа, а дел од атмосферата погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
Фото: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
Фото: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
Фото: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
Фото: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
Фото: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
Фото: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
Фото: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
Фото: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
Фото: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
Фото: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
Фото: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
Фото: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
Фото: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
Фото: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ