Еве со кога ужива познатата фолк-пејачка на плажа – фатени во прегратки, Ирена во жолти бикини
Пејачката не се одвојува од него

Пејачката Ирена Спасовска деновиве одмараше во Охрид од каде објави неколку фотографии направени на плажа.
Таа позираше на плажа додека уживаше на лежалка, а покажа и кој ја развеселува во овие летни денови.
Имено, Ирена се опушташе и сончаше покрај езерото, привлекувајќи внимание со своите раскошни облини, а цело време друштво и правеше нејзиното кученце. Познатата пејачка покажа и како го забавува миленичето, а многумина ги забележаа и тетоважите на нејзиното тело кои имаат посебно значење за неа (види тука).
Фејсбук/ Ирена Спасовска
Таа позираше во костим за капење во впечатлива жолта боја, а сличен модел носеше и водителката Лила Филиповска.
Фејсбук/ Ирена Спасовска
Имено, познатата водителка неодамна на својот Инстаграм сподели фотка на која позира во речиси истиот костим за капење.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Очигледно дека и двете наши познати дами се имаат вљубено во ваквиот модел, а на која од нив подобро и стои, просудите сами.