Еве од што почина една од најпознатите фолк пејачки на Балканот – НЕЈЗИНИОТ ТАТКО беше Македонец, а мајка Босанка
Мерима беше болна од канцep
По кратко боледување, на 69 годишна возраст згасна животот на легендарната пејачка на народна музика Мерима Његомир.
Популарната фолк пејачка неодамна потврди дека води бopба со тешка болecт, кога изјави дека не се чувствува добро, но не се откажува од бopбата.
„Всушност не се чувствувам добро, се борам со тешка болecт. Со голем тим стручни лица и лекapи се надевам дека ќе се изборам со оваа тешка болecт. Ја употребувам целата своја сила и сето она што го имав во претходните години, таа моја енергија и се обидувам да се изборам. Многумина се избopија, се надевам дека и јас ќе успеам, мислам позитивно“ зборуваше Мерима само неколку недели пред да пo-чине.
Таа тогаш додаде и дека нејзините деца и се најголеми сојузници во бopбата. Со нивна помош и љубовта што ја добива од нив тешките денови ги поминуваше многу полесно, а зад себе остави четири деца – ќерките Милица, Јелена, Љубица и синот Марко, од кои има добиено и внучиња.
„Јас која секогаш бев полна со енергија, но болката ќе се појави и тогаш всушност сте препуштени самите на себе и секако на своите, а моите четири деца максимално се покрај мене и се бopaт заедно со мене, така што мислам дека ќе го победам сето ова. Ми останува сам бopбата“, заклучи Мерина неодамна во нејзиното последно интервју за „Пинк“,
Тие беа нејзина гордост – таа зад себе стави четири деца и сакани внуци
Инаку, Мерима се има остварено и како баба, а првото внуче го роди нејзината ќерка Јелена во 2011 година.
Што се однесува до емотивниот живот на Мерима, таа по разводот имала неколку врски, но не ги експонираше во јавноста. Таа не сакаше да го открива својот приватен живот, а нејзината врска со пријателот и бизнисмен Драгољуб Марковиќ најмногу ја заинтересира јавноста.
Тие беа љубен пар една година. Во медиумите се пишуваше дека биле и во брак, но Мерима го демантираше тоа.
Мерима е родена во Белград, поточно во Земун во 1953 година каде што го помина детството и школувањето.
Мајката Фатима по потекло е од Босна, а нејзиниот татко Адем од Македонија, и токму нивното потекло многумина го „обвинуваат“ за нејзиниот неприкосновен пејачки талент.
„Мајка ми преубаво пееше и беше многу вредна жена. Но ете ја имав таа несреќа тие да се разведат кога имав 14 години. Тоа многу тешко ми падна. Мајка ми потоа се омажи за друг и доби уште едно дете. Се гледавме, но тоа не беше тоа“, раскажа Мерима своевремено за емисијата „Од профилот“.
Таа раскажа дека мајката заминала со нејзината сестра која тогаш имала пет години, а нејзиниот брат кој имал 11 и таа како најстара сестра останале со таткото. Тогаш морала да ги научи сите домашни работи и да се грижи и за нив двајцата. Заради проблеми со финансии нејзиниот так нема да и дозволи да се запише во Земунската гимназија, туку во угостителско училиште зборувајќи дека за неа и нејзиниот брат е најважно во животот да научат некој занает.
Таа на екскурзиите со своите сокласници ќе открие дека сака да пее, посебно кога ќе почне да ги пее песните на Тома.
„Ми се допаѓаше сите да ме слушаат“, изјави тогаш таа.
Потоа сосем случајно, на едно излегување, ќе запознае еден гитарист кој кога ќе дознае од каде и се родителите во шега ќе каже дека мора да знае да пее, на што таа му одговорила дека сигурно пее подобро од неговиот пејач. Потоа таа и пробала со нив, а по некое време членовите на бендот дошле кај нејзиниот татко да ја побараат за да пее со нив. Тој за малку ќе ги исфрлил од куќата, а Мерима по два дена им се јавила и започнува да настапува со нив.
Нејзиниот татко заради нејзината одлука бил многу лут, н таа одлучила сериозно да се занимава со музика па завршила и музичко школо, насока соло пеење и се разви во сериозна пејачка. Тогаш нејзиниот татко кога ќе види по кој пат тргнал неговата ќерка ќе се предомисли, а пресуден момент во кариерата ќе и биде доаѓањето во Белград во 70-тите и кога ќе почне да ја снима својата прва плоча.
Една љубов во Струмица
Кај нас во Македонија ќе остане запамтена по нејзините изведби на македонските новкомпонирани песни на фестивалите во Валандово и на Охридски трубадури, како и по песната „Една љубов во Струмица“.
Фото: Инстаграм/ Мерима Његомир
Фото: Инстаграм/ Мерима Његомир
Фото: Инстаграм/ Мерима Његомир
Фото: Инстаграм/ Мерима Његомир
Фото: Инстаграм/ Мерима Његомир
Фото: Инстаграм/ Мерима Његомир
Фото: Инстаграм/ Мерима Његомир
Фото: Инстаграм/ Мерима Његомир
Фото: Инстаграм/ Мерима Његомир
Фото: Инстаграм/ Мерима Његомир
Фото: Инстаграм/ Мерима Његомир
Фото: Инстаграм/ Мерима Његомир
Фото: Инстаграм/ Мерима Његомир
Фото: Инстаграм/ Мерима Његомир
Фото: Инстаграм/ Мерима Његомир