Еве од кого ја наследила убавината Сека Алексиќ: Пејачката објави фотографија од својата мајка, плени со својот изглед!
Фолк ѕвездата Сека Алексиќ ретко ги покажува членовите на своето семејство во јавност, па многумина не знаат како изгледа нејзината мајка Ибрима.
Сека важи за една од најубавите жени на српската естрада, а убавината, многумина велат, ја наследила од мајката Ибрима. Сека е многу поврзана со својата мајка, која често им доаѓа во посета. Последните година Ибрима многу се радува на моментите поминати со внукот Јаков.
За тоа говори и фотографијата која пејачката ја објави малку по раѓањето на синот, а на која нејзината мајка го држи в раце внукот.
Сека e позната по тоа што е хумана и сака да им помага на луѓетo, а токму тоа го научила од нејзината мајка, а неретко и заедно учестуваат во хуманитарни акции.
Сека често истакнуваше во јавност дека тешко живеела во детството, зошто растела во сиромаштија, но дека нејзината мајак се борела да ѝ обезбеди што може повеќе, и дека сега таа се труди на својата мајка ништо во животот да не и фали.
– Многу млада почнав да настапувам за да и помогнам на мајка ми да се извлечеме од тешкиот живот во кој се најдовме поради војната. Таа и брат ми одеа на секој мој настап, а имав среќа што секогаш имав музичари кои за мене се грижеа за мене како за родена сестра. Имаше и тогаш, како што има и сега, пијани и наметливи гости, а моите блиски беа покрај мене и ме чуваа, раскажа Сека во едно интервју и откри дека по иницијатива на својата мајка таа завршила фризерско училиште.
Популарната пејачка Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко со години живеат во вила во Стара Пазова, која ја направија по своја желба и е нивен рај на земјата.
Нивната среќа е уште поголема откако им се придружија нивните синови – прво Jaков кој се роди септември 2016 година и потоа малиот Joван кој дојде на свет оваа година. Сека живее идиличен живот со своите најмили мажи и гордо ги споделува на социјалните мрежи топлите моменти во кои семејството ужива , а вчера таа сподели една од можеби најубавите фотографии досега.
Пејачката беше семеен папарацо – таа го фотографираше нејзиниот сопруг додека се опушти со својот син Jован во рацете, што ги израдува нејзините фанови.