Трендови

Еве неколку слични, но многу поевтини модели од фустанот со точки што и е омилен на Кејт Мидлтон, но и на бројни други познати дами

Advertisement

Кејт во ново модно издание со кое ги воодушеви сите

Advertisement

Овој пат војвотката од Кембриџ за потребите на кралското фотографирање избра фустан со точки со потписот на Алесандра Рич во каков досега имавме прилика да видиме и бројни други познати дами.

Во прашање е класичен модел со точки кој и овој пат се покажа како добитна комбинација, а конкретно овој модел од Алесандра Рич (од околу 2000 евра) важи за еден од омилените по кој полудеа бројни познати дами.

Advertisement

Абигејл Спенсер

Синиот миди фустан со бели точки е стеснет во половината, со бела јака која дава доза на сериозност па така моделот е совршен како за вечерни, така и за дневни и деловни изданија. Неколку месеци пред војвотката во ист фустан ја видовме и актерката Абигејл Спенсер која во него се појави на венчавката на Меган Маркл и принцот Хари во дворецот Виндзор.

Кери Бредшо

Ваквите точки ја воодушевија и Сара Џесика Паркер која ситиот фустан го носеше на отворањето на лизгалиштето во Њујорк. Таа го „фураше“ со црн ремен со дијаманти, бели шпиц салонки и гламурозен капут со цветен дезен.

Иванка Трамп го носеше со бел ремен врзан на тренди начин

Кристи Бринкли

Оваа година во идентично издание можевме да ја видиме и Иванка Трамп која целото издание го зачини со свои модни додатоци, но и познатата актерка Кристи Бринкли која го носеше со „тренч“ мантил.

Па, кое од овие изданија ви се допаѓа најмногу?

Инаку, моделот што го носеше Кејт веќе е распродаден низ продавниците на познатиот бренд, па во галеријата погледнете и неколку слични модели…

Оригиналниот фустан од Алесандра Рич

Andrew Gn  ($2,590)

Chelsea28 ($99)

JDY  ($45)

Layeur  ($430)

Loewe ($2,725, originally $5,450)

Wolf&Badger  ($182)

Zara Polka Dot Dress ($70)

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button