Еве на кое место се трите девојки од Хурикејн според прогнозите на oбложувалниците – ретки се оние што го очекуваа ова!
Првиот настап на девојките од Хурикејн забележа неверојатен резултат на овогодинешната Евровизија.
Тие со песната „Loco, Loco“ ја кренаа евровизиската арена на нозе, а во финалната вечер ќе настапат под број осум.
Но што се однесува до обложувалниците, на српските претставнички им се предвидува 17-тото место, иако на официјалниот Јутјуб канал на Евровизија нивната песна води според бројот на прегледи.
Нивната песна „Loco Loco“ има скоро пет милиони прегледи за само два дена, што е многу повеќе од сите останати.
На пример претставничките на Исланд, Албанија и Грција кои исто така поминаа во финалето, имаат околу милион прегледи.
Сања, Ивана и Ксенија оставија одличен впечаток, но дали тоа ќе биде доволно и за финалето останува да видиме.
Според кладилниците, фаворит е Италија, додека Франција и Малта се на второто и третото место.
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин