Реклама
Наши ѕвезди

Еве која позната Македонка има најмногу разводи зад себе – водителката Лила има само 2, не е таа во прашање

И покрај бројните разводи во нејзиниот живот, пејачката никогаш не губела вера во љубовта

Реклама

Во последно време се случија многу разводи меѓу познатите парови кои отсекогаш го привлекувале вниманието на јавноста.

И така е во светот, па и кај нас, посебно кога станува збор за јавни личности кои речиси постојано се во фокусот на јавноста.

Па така во изминатиов период неколку наши познати јавни личности решија да стават точка на своите долгогодишни бракови и јавно да позборуваат како за причините, така и за последиците, а една наша позната дама која зад себе има два брака и два разводи често знае и да се пошегува на оваа тема.

Маркетинг

Инстаграм/ Лила Филиповска

Имено, кога ќе се споменат разводите на нашата естрада, многумина веднаш ќе ја споменат нашата најпозната телевизиска водителка Лила Филиповска, која зад себе има два разводи.

Маркетинг

Но таа ни од далеку не е рекордерка кога се во прашање разводите, туку на прво место е една друга позната дама.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Што се однесува до нашата позната водителка, таа има два пропаднати брака зад себе и се уште ја нема искористено својата трета среќа, но една друга позната Македонка има дури 12 разводи зад себе.

Принтскрин/ Јутјуб, РТС

Станува збор за пејачката Маја Оџаклиевска која отсекогаш отворено зборувала за својот живот, но ретко откривала детали за  своите поранешни емотивни партнери. Како што своевремено сама има откриено, зад себе има 12 сериозни врски кои би можела да ги окарактеризира како брак, но за жал неуспешен.

„Имав дванаесет таканаречени бракови. Кога ќе дојде оној момент на негодување или однесување што не ми се допаѓа, јас ги стават сите работи во кесе за ѓубре и кажувам: ‘Работите ти се пред вратата’. Чао, довидување и нов брак“, истакна во една пригода легендарната македонска пејачка.

Принтскрин/ Јутјуб, РТС

Потсетуваме, најголема животна радост на Маја Оџаклиевска се нејзините ќерки Теа и Андреа, како и внуците Константин и Лука.

Таа за своите ќерки се грижела сама, па никогаш не криела дека во минатото имала и многу тешки моменти како самохрана мајка. Како што самата има откриено, понекогаш дури морале да јадат бисквити и вода затоа што немале за млеко, но сепак успеала да им обезбеди на своите деца пристоен живот. Таа денес се грижи за својот внук Лука (13) на кого своевремено му беше дијагностициран аутизам и заради кого таа целосно го промени животот.

Пејачката денес заедно со својот внук живее во село во близина на Велика Плана, каде неодамна се пресели од Белград.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button