Еве која е најважната жена во животот на Игор Џамбазов – актерот за неа секогаш зборува со љубов (фото)
Таа беше многу блиска и со неговата поранешна девојка
Таа беше многу блиска и со неговата поранешна девојка
Познатиот македонски актер, писател, музичар и шумен Игор Џамбазов, има сестра Татјана со која е многу поврзан.
Татјана Џамбазова веќе долги години живее и работи во САД, но со својот брат често е во контакт и Игор за неа често знае да каже дека е најважната жена во неговиот живот. Впрочем популарниот актер тоа го потврди и неодамна, во емисијата „Нешто конкретно“ на Снеже Велков, кога на прашањето „Кој те сака тебе најмногу на цел свет“, Игор како од пушка одговори: „Па сестра ми, Тања“.
„Една е таа сестра, и за во добро и за во зло“.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Нешто конкретно
Татјана живее во Сан Француско и си ја работи работата заради која и избега од Македонија, и тоа уште пред 30 години. Како што вели Џамбазов, таа денес заработува солидно, но истовремено полна е и со идеи, со хуманитарни акции.
Фото: Инстаграм
„Па кој да се секира за мене, ако не се секира сестра ми. Мислиш јас не се секирам за неа, не размислувам дали е добра, дали е сé во ред?!“, вели Игор во споменатата емисија.
Инаку, сестрата на Игор повеќе од 30 години живее во САД, но во последно време заради работата често патува и во Европа.
Фото: Инстаграм
„Почесто доаѓа, сега нејзината работа е врзана и со Европа. Рим Париз, предавања, презентации, а кога веќе ќе дојде во Рим, на два саати е до дома, и сега тоа сé почесто го прави“, вели популарниот актер во емисијата.
Фото: Инстаграм
Инаку, сестрата на Игор беше блиска и со Илина, поранешната на Игор, а за тоа сведочат и коментарите што се уште стојат под некои објави на познатата алпинистка, а во кои тие често се шегуваа.