Еве која е атрактивната бринета со која што се гушка Душко Тошиќ – фотографијата направи хаос, Карлеуша е блиска со неа!
Сите беа изненадени кога прв пат ги видеа заедно…
Познато е дека Јелена Карлеуша повеќе не е на листата на луѓето што Душко Тошиќ ги следи на Инстаграм.
Ова дополнително остава впечаток дека односот помеѓу нив е на лабави нозе, но засега се уште никој со сигурност не знае што се случува со нивниот брак. По големиот скандал што го направија за Божиќ, кога популарната пејачка го пријави поранешниот фудбалер за нас-илство, досега и двајцата се немаат огласено во медиумите и немаат откриено што се случува со нивниот брак сега.
Како и да е, малкумина знаат дека сопругот на Карлеуша во својот живот има уште една жена која е секогаш тука за него, во сите животни ситуации.
Во прашање е неговата родена сестра Катарина Тошиќ која е мошне блиска со својот брат, но и со неговата сопруга.
Како што порано пишуваа медиумите, Катарина беше со нив и за време на најтешките моменти во нивниот живот, а одлично се согласува и со своите внуки Атина и Ника, кои наводно често ги чувала додека биле мали.
Интересно е и тоа што помалата ќерка на познатиот пар, Ника, личи токму на својата убава тетка. На нејзиниот профил на Инстаграм може да се види дека често престојува во вилата на Душко и Јелена, а со тоа што споделува заеднички фотографии повеќе од очигледно е дека се гордее со нив.
Инаку, Тошиќ романсата со тогаш веќе популарната пејачка ја започна кога имаше 21 година.
По две години врска, Карлеуша и Душко обелоденија дека ќе се венчаат, и тоа токму на денот на годишнината на нивната врска, 28 јуни.
Свадбата на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша се случи пред 13 години, а за неа се зборуваше со децении.
Како тие изгледаа во 2008 година на денот кога запловија во брачните води погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин