Еве која Гранд ѕвезда ја однесе под олтарот поранешната ракометарка на Вардар. Првиот танц како магија
Ова е момчето што и го украде срцето на Андреа

Невестата доминираше и блескаше во гламурозната бела венчаница која имаше и опција со откриени раменици и грб, додека некогашната Гранд ѕвезда беше во елегантен костум со црна машна.
Некогашниот учесник во популарното талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“, познатиот црногорски пејач Угљеша Радоњиќ и поранешната ракометарка на Вардар, Андреа Кликовац се заколнаа на вечна љубов.
Поранешната ракометарка во најдобриот македонски ракометен клуб и некогашната Гранд ѕвезда направија голема свадба.

На свадбената церемонија се појавија неколку стотици гости, но и бројни поранешни колеги на Угљеша од „Ѕвездите на Гранд“.

И додека невестата блескаше во својата раскошна венчаница, пејачот носеше елегантен костум со бела кошула и црна машна.

Пејачот во „Ѕвездите на Гранд“ се натпреваруваше во сезона 2017-2018, а минатата година го лансираше својот хит „Комиран“.

Тој и на свадбата во еден момент се фати зa микрофонот и направи вистинско лудило додека гостите уживаа во неговиот глас.

Кликовац е ракометарка од Црна Гора која оваа година ја заврши својата кариера. Таа од 2012 година играше за Вардар, а една година претходно беше во Жито Прилеп. Таа играше и за репрезентацијата на Црна Гора.

Гламурозната свадбена веселба се одржа во еден ексклузивен центар за прослави во Никшиќ, а младенците беа поприлично весели и расположени, впрочем како и што доликува за еден ваков значаен чин.

Првиот танц на младенците беше награден со голем аплауз, а гостите цело време како да се натпреваруваа кој ќе направи подобра снимка од овој романтичен момент на свадбата.

Повеќе детали од свадбата погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм