Во серијата ќе биде опфатена и романсата што царицата Катарина ја имала со рускиот војсководец и гроф Григириј Потемкин.
Телевизијата „HBO“ го објави првиот трејлер за мини-серијата во која ќе се раскажува животот на познатата руска кралица Катарина Велика која била на престолот во оваа земја во втората половина на 18 век.
Насловната улога ја игра познатата британска актерка Хелен Мирен, а во серијата играат и Џејсон Кларк, Џина Меки и Рори Кинер. Серијата треба да почне да се прикажува оваа есен.
Ќе бидат прикажани политичките интриги на дворот на една од најголемите владетелки во царска Русија, но во историјата воопшто, но и страсната романса што ја имала со Григориј Потемкин, рускиот војсководец и гроф.
Историјата Катарина Велика ја памети како владетелка која што направила модернизација на Русија, ја проширила територијата на земјата и со вешта дипломатија го зголемила влијанието на Русија во светот, но и како бескрупулозна личност која на трон се искачила откако го организирала пучот против својот маж Петар III Фјодорович.