Реклама
Наши ѕвезди

Еве кој е виновен што Ријана објави фотографија од Елена Ристеска

Реклама

Елена Ристеска „заврши“ на Инстаграм профилот на козметичкиот бренд на Ријана „Fenty beauty“.

Последниот албум на Ријана е издаден во 2016 година, но затоа на деловен план со својот козметички бренд растура. Пејачката во изминативе неколку месеци реши повторно за својот бренд „Fenty Beauty“ да лансира неколку нови производи со кои предизвика големо внимание во светот на шминките.

Маркетинг

Имено, колку нејзиниот бренд е популарен во светот кажува и бројот на фановите што ги имаат на официјалната страница на Инстаграм.

Маркетинг

Имено, „Fenty Beauty by Rihanna“ само на Инстаграм има преку 8.3 милиони следбеници, а деновиве на нивната страна беше објавена и една фотографија од Елена Ристеска. Оние што ги следат новите производи на брендот на убавицата од Барбадос многу добро знаат дека во прашање се шминки со извонреден квалитет, а тоа го знае и мејк-ап артистот Даниел Николовски. Токму тој е и главниот виновник што Елена заврши на профилот на Инстаграм на брендот зад кој стои една од најпознатите пејачки на светот.

Елена секако дека беше пријатно изненадена од ова и своето воодушевување го сподели со фановите.

Елена пред само неколку дена на Даниел му го честиташе роденденот со порака со која го изненади.

„Не постои фотографија на која не сме излегле добро. Барем така си викаме секогаш. :)Се случува магија кога се сликаме јас и ти, можеби затоа што толку многу се сакаме.Брат мој најсакан,другарчина, соработник број 1 на листата од мои соработници,ЧОВЕК меѓу луѓето, магични раце имаш, ТЕ САКАМ??❤️??? @danielnikolovskiofficial1 СРЕЌЕН РОДЕНДЕН.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button