Вести

Еве колку потписи досега собрале претседателските кандидати

Advertisement

Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден вкупно 14.360 граѓани дале потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата.

Според објавените податоци на ДИК, досега никој од кандидатите за шеф на државата ги нема собрано потребните 10 илјади потписи од граѓаните.

Advertisement

Стигна новиот пресек на собрани потписи за претседателските кандидати. Во изминатите два дена најмногу потписи собрал Бујар Османи, кандидатот кој ќе ја трча претседателската трка на ДУИ, а веднаш зад него е кандидатот на партијата ЗНАМ, Максим Димитриевски со 3.613.

Добро со потписи се држи и професорката Билјана Ванковска Цветановска, која е претседателскиот кандидат на Левица, а бараше од граѓаните да имаат авантуристички дух и да се потпишат за неа.

И додека судот ќе одлучува за партискиот имот на Алијанса на Албаците по расколот во партијата, крилото на Таравари не губи време, па си собира и потписи за претседател. За два дена Таравари си собрал 246 потписи.

Кандидатот од Гром, Стевче Јакимовски е близу 2000 потписи, а пак на професорот Вело Марковски 249 лица му укажале поддршка во однос на собирање на потписи.

За потсетување, за да се влезе во претседателската трка потребни се 10.000 потписи од граѓаните.

Фото скриншот дик

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button