Реклама
Вирално

Еве колку пари навистина заработуваат нашинците во Германија и зошто ГАСТЕРБАЈТЕРИТЕ се помалку платени од Германците

Реклама

Странците во Германија заработуваат во просек околу 900 евра помалку од домашните граѓани

Новодојденците од Балканот во Германија сепак се уште се на подобра позиција отколку луѓето од Сирија или Авганистан.

Маркетинг

Експертите имаат објаснување за големите разлики.

Странците што работат во Германија заработуваат многу помалку од домашните граѓани, покажува статистиката на Федералната агенција за труд. Додека германските граѓани минатата година имале просечен приход од 3.509 евра бруто – значи пред да ги платат даноците и придонесите – кај странците овој износ изнесува 2.614 евра.

Маркетинг

Тоа е дури за 895 евра или една четвртина помалку, пишуваат германските медиуми.

Во прашање не е просекот, туку таканаречената „медијана“, односно средна вредноста под и над која се наоѓа точно на половината од сите приходи. За разлика од просечната, оваа вредност го ублажува влијанието на многу ниските и особено многу високите плати и важи за бројка која многу подобро зборува за стандардот на „обичниот“ човек.

Странците најчесто работат работи кои се помалку платени

Разликата меѓу Германците и странците е особено драстична кога станува збор за новодојденците од Сирија, Авганистан или Еритреја кои заработуваат 1.475 евра помалку од локалното население.

Статистичките податоци ги објави Сојузната влада како одговор на парламентарната истрага од „Алтернатива за Германија“. Особено се забележува колку разликите се зголемија во претходните години – така што на пример во 2010 година разликата беше 11,6 проценти (317 евра).

Разликата не може да се припише само на образованието, бидејќи таа постои дури и кај неквалификуваните работници – странците тука добиваат 415 евра помалку од Германците. На пример неквалификуваните работници од Македонија и останатите балкански држави заработуваат 208 евра помалку месечно, додека луѓето од бегалските земји заработуваат 657 евра помалку месечно.

Само 16 проценти од сите германски вработени работат во таканаречениот „сектор со ниски плати“, додека учеството на странците е 37 проценти.

Дали миграцијата ги намалува платите?

Германската влада ја објаснува разликата во платите со тоа што работниците од странство често имаат помалку искуство и експертиза. Според одговорот на владата, ангажирањето на повеќе странци може да има „ефект на притисок врз просечната, односно средната заработка“.

„Луѓето кои штотуку се преселија во Германија, тие тука се на почетокот на својата кариера“, вели Херберт Брикер од Институтот за истражување на пазарот на трудот во Агенцијата за труд. „Нивните плати значително ќе растат во текот на нивната кариера“, рече тој за агенцијата dpa.

Рене Спрингер, пратеник од Алтернатива за Германија, кој го поднесе ова барање до владата, вели дека „имиграцијата не смее да доведе до дампинг на платите“. Неговата партија е силно против масовното доселување, пред се за приемот на барателите на азил.

Брикер, пак, вели дека „доаѓањето на мигранти има само маргинално влијание врз платите“.

Разликите, според Владата во Берлин, може да се намалат со законски пропишаната минимална плата што постои веќе неколку години и со поттикнување на странците да студираат во Германија.

Според Сојузната агенција за труд, во последниот месец од минатата година, 21 милиони домашни граѓани и три милиони странци имале работа со полно работно време во Германија, пренесува Дојче Веле.

Па дали платите во Германија навистина се големи или во прашање е мит?

Гледано од аспект на Македонија, тие се значително повисоки, но гледано од перспектива на Швајцарија, Луксембург и Данска тие се пониски. Тоа го покажуваат и статистиките и бројките, пишуваше пред неколку месеци порталот Дојче Веле.

На крајот од текстот „Дојче веле“ констатира дека кога станува збор за висина на плата, секогаш треба да гледаме во поширок контекст – колкави се трошоците за живот, пред с за храна и сместување, напоменувајќи дека во 2017 едно просечно германско семејство во просек трошело 2517 евра од кои околу 897 евра биле трошоците само за стан, струја и сл.

Германија е една од земјите во Европската унија со законски пропишана минимална плата по час. Таа во моментот изнесува 9.19 евра. Најголема законски пропишана минимална плата по час има Луксембург (11.97 евра), а повеќе од Германија имаат уште четири други членки на ЕУ: Белгија, Ирска, Холандија и Франција. Најниска минимална плата по час има Бугарија (1.72 евра), а нешто повисока од неа се Летонија, Романија, Унгарија и Хрватска (не заборавајте дека и тука се работи за бруто износи, што значи нето платата е 33 % помала).

Од друга страна, оние кои се на дното на оваа листа, одвај врзуваат крај со крај. На неславно последно место се работниците што работат во кујна кои заработуваат во просек помалку од 2000 евра месечно бруто, додека келнерите и фризерите заработуваат само неколку десетина евра повеќе. Меѓу најлошо платени занимања се и агентите во кол-центри, негуватели и возачи на камиони. Значително пониска од просечна германска плата имаат и медицинските сестри со малку работно искуство (во јавните здравствени институции), како и воспитувачите во градинки.

Постои мислење дека во Германија платите се високи, но дали навистина е така откако ќе се одбијат сите даноци?!

Со оваа тема неодамна се позанимава „Дојче Веле“. Во нивниот текст посветен на оваа проблематика се вели дека просечната месечна бруто плата во Германија за 2018 година изнесува 2950 евра. Но просечната нето плата, значи онаа која што ја добиваат вработените, откако ќе се одбијат даноците, всушност е 33 отсто помала.

Што значи дека реалната просечна плата во Германија е 1945 евра, а разликата од околу 1000 евра помеѓу бруто и нето платата се дава на државата во вид на даноци и давачки за разни осигурувања.

Висината на данокот кој месечно се одбива од платата зависи од даночната класа на вработениот, односно дали живее во брачна заедница, дали е самохран родители, дали неговиот/нејзиниот брачни партнер работи, дали едниот брачен партнер заработува значително повеќе, дали работи на повеќе работни места, и сл. Па така „Дојче Веле“ илустрираше разлика во бруто и нето плата на два примера – за брачен пар со две деца каде едниот партнер заработува значително повеќе од другиот и има просечна германска плата од 2948 евра месечно и за самец кој е без деца и кој има исто толкава плата.

На таткото или мајка на две деца, откако ќе му се одземат сите даноците и останати давачки ќе останат 2209 евра кои ќе му легнат секој месец на сметката. И ако од овие пари одбиете за станот и останатите трошоци, на крај ќе ви останат пари за еден скромен живот.

Ова можеби е далеку од она што многумина од Македонија очекуваат, но како што велат многу нашинци кои се искрени за животот во Германија, тие навистина далеку од тоа дека се луксузираат и расфрлаат со пари. И тоа е вистинската слика за животот во оваа земја и најверојатно е многу поразлична од она што многумина го замислуваат.

Што мислите вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button