Еве колкава казна ќе добие возачот фатен на радар со брзина од 145 км на час на место каде се дозволени само 50

Денеска на регионалниот пат Куманово – Скопје, во близина на с.Умин Дол, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Р. од општина Липково.
Со специјално возило, т.н. „пресретнувач“ на Министерството за внатрешни работи било констатирано дека лицето го управува возилото со 146 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

„Против лицето е поднесен прекршочен платен налог и ќе се соочи со предвидената законска санкција“, известува МВР.
За надминување на максимално-дозволената брзина во населено место се предвидени и соодветни казни. За надминување на максималната брзина до 10 километри на час предвидена е казна од 10 евра, односно 10 негативни поени.
За надминување од 10 до 30 километри на час предвидена е казна од 45 евра или 25 негативни поени. За надминување на брзината од 30 до 50 километри на час предвидена е казна од 300 евра и одземање на возачката дозвола во период од 3 до 12 месеци.

Фото мвр
Оние кои ќе ја надминат максимално дозволената брзина за повеќе од 50 километри на час ќе добијат казна од 400 евра и возачката ќе им биде одземена 6 до 12 месеци.




