Ова ќе биде најшарената есен досега
Наместо беж, црна и кафеава, оваа сезона ќе доминираат силните боли – жолта, зелена и розова кои во следните неколку месеци ќе го чинат секој модерен стајлинг што ќе го сретнеме на градските улици. Доволно е само да „фрлите“ еден поглед низ продавниците и ќе забележите дека овие тренди бои веќе стигнале на полиците, а во продолжение погледнете ги најинтересните модели што ги избравме во овие хит нијанси.
Жолта маргарин нијанса
Бледата жолта боја ќе биде една од водечките бои во новата сезона, тврдат модните гуруа. Ваквата нијанса делува мошне префинето и шик, а можете да ја носите буквално со се што имате во плакарите, па токму затоа е и одлична за следните месеци кога тмурните и безживотни стајлинзи можеме да ги подигнеме за момент со ваквата жолта нијанса.
Совршено се согласува со безвременската беж, црна или маслинеста, но ви предлагаме да си поиграте со боите и популарната избледена жолта нијанса да ја пробате со тренди парчиња во пастелно сино или виолетово.
Zara
The Frankie Shop
Oh Hey Girl
Emilia Wickstead
& Other Stories
Vince
Mango
Bottega Veneta
Зелени вибрации
Она што неон зелените нијанси беа во текот на летото, во наредните месеци тоа ќе бидат потемните зелени нијанси. Тие веќе ги преплавија продавниците, па сигурни сме дека и оваа есен нема да можете да ги прескокнете моделите во оваа боја. На полиците кај познатите брендови веќе ве чекаат преубави блуски, кошули и фустани (а најверојатно и високи потпетици) во некоја од зелените нијанси што можете да ги видите во продолжение.
Charles & Keith
H&M
Zara
Weekday
Emory Park
Ganni
COS
& Other Stories
Пинк зараза
Вибрантната розова боја по која ги памтиме лудите 80-тите повторно беше во мода ова лето, а доколку судиме според новитетите кои почнаа да пристигаат во продавниците, таа ќе биде популарна и во текот на есенските месеци. Она што е интересно е тоа дека покрај силната „пинк“ боја добредојдени се и пастелните нијанси кои можете да ги носите посебно, но и во комбинација, а можете да ги комбинирате и со други живи бои.
Zara
Sies Marjan
Stand Studio
Saks Potts
Marks & Spencer
Jacquemus
ASOS
& Other Stories
Arket