Вести

Еве кои пензионери нема да добијат финансиски додаток од државата!

Advertisement

Вицепремиерот Фатмир Битиќи најави дека Владата ќе спроведе дополнителна финансиска помош за пензионерите што земаат под 14 илјади денари и од 14 илјади до 19 илјади денари.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, претходната недела изјави дека новиот пакет на мерки ќе биде објавен следната недела, а со него вели дека дополнително ќе се помогне на одредени категории на граѓани.

Advertisement

„Пакетот на антикризни мерки вчера беше споделен од министерството за финансии и кабинетот на претседателот и со нас како министерство за економија а со другите кои беа вклучено во дизајнирање на мерките, најверојатно кон средина на наредна недела или до крајот на наредна недела ќе бидат објавени и ќе почнат со реализација. “- вели Бектеши.

Додека владата подготвува антикризни мерки, пензионерите не отстапуваат – цврсти на ставот дека сакаат 5.000 денари покачување а најниската пензија да не е под 18.000 денари.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во емисијата „Слободен печат“ најави дека преговорите со претставници на пензионерите резултирале со поместување во корист на барањето на пензионерите да се покачат пензиите за ранливите категории до просечна плата со дополнителна помош соодветно на нивната основица се до април.

Во март рече Битиќи ќе следи редовното покачување со новото редовно усогласување.

„Сите забораваме дека кога дојдовме во 2017 година, скоро повеќе од 240.000 добиваа пензии под 14.000 денари. Денес, имаме 106 000 пензионери кои добиваат пензии до 14.000 денари, а овие другите 130.000 веќе добиваат пензии скоро до просечна пензија“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Утрински печат“.

Тој додаде дека овие 130 илјади пензионери се извлечени и сега добиваат подостоинствени пензии.

„За минимална пензија се прават последните анализи дали има услови и што тоа ќе значи за пензискиот фонд. За жал, ние кога ги анализираме често забораваме колкав е бројот на пензионери кои биле под некоја претпоставена минимална пензија“ рече Битиќи.

Тој додаде дека пензионерите од ранливите категории ваква помош ќе добиваат најмалку до април месец идната година.

„Ние направивме неколку категории на пензионери, пензионери под 14.000, кои што примаат до 14.000, до 16.000 и до 19.000 денари. Овие ќе добијат дополнителен финансиски додаток како што работната група преговараше. Ќе добијат фиксен додаток“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека различните категории ќе добијат различни износи на помош и исто така кажа дека се продолжува со мерката енергетски додаток за ранливите категории за социјалните пензии.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button