Карлеуша е на посебен режим на исхрана
Познатата пејачка веќе некое време е на посебен режим на исхрана, а резултатите се повеќе од воочливи.
Имено, таа за само две недели ослабна неколку килограми, а како што самата вели за ваков чекор ја мотивирала Марија Шерифовиќ која оди кај иста нутриционистка. Имено, неодамна на интернет се појави преписка во која тие двете го разменуваат своето искуство.
По Јелена на ваква специјална диета е и нејзината ќерка Ника. Пејачката се пофали дека и нејзината помлада ќерка почнала со регулирана исхрана и дека за сега и на двете им оди одлично, а за постигнатите резултати добила и подароци од нутриционистката на својата домашна адреса.
„И се заблагодарувам на нашата нутриционистка за прекрасните подароци. Ова го доби Ника која е дисциплинирана и идеално губи килограми, здраво и во склад со своите години! Мама не доби ништо бидејќи не беше добра“, напиша Јелена на социјалните мрежи.
Очигледно на Карлеуша не и оди лесно да се откаже од тестото и газираните пијалаци, но и покрај тоа што не е 100 % доследна на она што ја советува нејзината нутриционистка, резултатите и напредокот се и повеќе од очигледни.